Arabella Azur Resort
- Egjipt
- Deti i Kuq
- Hurgada

- 14 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Rreth Arabella Azur Resort

Положба
Хотелот се наоѓа на само 10 км од аеродромот во Хургада и на 3 км од центарот на градот.

Сместување
Хотелот располага со 296 соби и тоа:
- Стандардни соби
- Делукс апартмани
Сите соби располагаат со клима, купатило со када, фен, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци), сет за кафе и чај, сателитска ТВ, телефон, сеф, Wi-fi интернет е бесплатен во лобито, балкон со гарнитура за седење.

Услуга
Сѐ вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера, алкохолни и безалкохолни пијалоци, закуски, пица според концептот на хотелот. Во пабовите се служи пијалок до 02.00 часот. Grill ресторан, Obba ресторан, Bierkeller паб, Oasis pool бар и ресторан, Palms бар, Reef бар на плажа, Paradiso бар, El Kahan бар, Fire corner, Kalaboush паб, Om Kolthom бар. À la carte ресторанот Al Raouche со либанска кујна е со доплата.

Содржини
Хотелот располага со ресторани и барови каде што се служат храна и пијалоци според Сѐ Вклучено концептот на хотелот, 2 надворешни базена, фитнес центар, билијард, тениски терен (со доплата е осветлувањето), фудбалско игралиште, игралиште за сквош, одбојка, пинг понг, забавни програми и анимации во текот на денот и вечерните часови. За деца е на располагање детски базен, детско мени, клуб за деца со разновидни анимации. сауна, парна бања, џакузи, масажа, спортови на вода, часови за сурфање и нуркање, и сѐ она што не е во концептот на хотелот. Исто така се доплаќаат и услугите за доктор, перење и пеглање алишта, продавници.

Плажа
Сопствена плажа, лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

Внимание
Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code. Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција. Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Fasilitetet

Општо
- Собна услуга

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа