Steigenberger Makadi

1. Egjipt
2. Deti i Kuq
3. Makadi Bay
• Steigenberger Makadi
• 28 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Steigenberger Makadi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот е лоциран во областа Madinat Makadi, на 30 км од аеродромот во Хургада, и на 34 км од центарот на Хургада.

• Сместување

Вкупно 93 соби

• Супериор соби
• Executive Suite

Сите соби и апартмани имаат централна клима, купатило со фен, бањарки, влечки, сателиски ТВ, сеф, сет за кафе и чај, телефон, интернет, мини бар со безалкохолни пијалоци и вода.

• Услуга

Се вклучено шведска маса за појадк, доцен појадок, вечера. Ручек во Nineteen и Beach ресторан, чај, колачи, сладолед во одредени часови, пијалоци до 00:00, после се со наплата. Со доплата алкохолни пијалоци, џус, ред бул во мини бар, свежо цедени сокови, наргиле, собна услуга. Хотелот има повеќе À la carte ресторани, Makai Tukai азиски ресторан, Amaya индиски ресторан, Nino’s италијански рсторан, Sofra ориентален ресторан, Beach ресторан со медитеранска кујна и Aqua ресторан со грчка кујна, вклучена е една вечера во еден од рестораните за време на престојот, со претходна резервација од два дена.

• Содржини

Хотелот има главен ресторан за шведска маса, неколку À la carte ресторани и барови низ комплексот, базен кој се загрева во зима. Со доплата: доктор, аптека, перална, собна услуга, изнајмување возила, телефон, продавници и шопинг центар, превоз до Хургада, спа центар и центар за убавина. Интернет во собите и јавните површини е бесплатен.

• Плажа

Плажата се наоѓа на околу 1км од хотелот, има бесплатен превоз до Макади плажата, лежалки на плажа и базен бесплатно, а крпи за плажа бесплатно и се во собата.

• Спорт и забава

Фитнес сала, health клуб, тениски терени , осветлување се доплаќа. Со доплата: спортови на вода, аква парк, нуркање, голф активности. Ноќни забави во Bogey Bar.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• Општо
• Собна услуга

Lokacioni