Bieno Club Sunset Hotel & Spa

1. Turkia
2. Antalija
3. Side
• Bieno Club Sunset Hotel & Spa
• 61 fotografi
• Plazh me rërë
• Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
• Pishinë e hapur
• Kids free
• Fitness

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Bieno Club Sunset Hotel & Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Чолакли, 55 км од аеродромот во Анталија и 11 км од центарот на Сиде.

• Сместување

Вкупно 273 соби во три блока.

• Стандардни соби (25-35 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице, некои соби се со кревет на спрат, макс.2+2).
• Фамилијарни соби (35-55 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4+1 лице),
• Фамилијарни соби со кревет на спрат (25-35 м², една спална соба со француски кревет + кревет на спрат, едно купатило, макс.2+2 лица).

Сите соби се со сопствено купатило со туш, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (се полни само вода секој ден), сеф (со доплата), ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено отворено бифе 24 часа, појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, ужина доцна и рано наутро, детско бифе, сладолед во одредени часови во текот на денот, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, храна и пијалоци во Снек ресторан на плажа од 10:00 – 18:00 часот, À La Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не се вклучени: увозни пијалоци и коктели, сите пијалоци во Диско клуб, свежи овошни сокови, турско кафе и сите флаширани пијалоци и специјални вина, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со тераса за шведска маса, À la Carte ресторан, Снек ресторан и бар на плажа, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, Интернет кафе, компјутерски игри, изнајмување кола, продавници се со доплата. WI-FI интернет во лобито е со доплата.

• Плажа

Приватна песочна плажа на 550 м од хотелот, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа. Има бесплатен превоз до плажата во текот на денот на секои 20 минути.

• Спорт и забава

Надворешни базени за возрасни и деца, тобогани, турска бања, сауна, фитнес центар, пинг-понг, одбојка на плажа. Сите видови на спортови на вода, билијард, компјутерски игри, масажа и СПА центар се со доплата. Забавни програми во текот на денот, програми во вечерните часови, Мини клуб за деца 4 – 12 години со специјални програми во текот на денот, игралиште и мини Диско навечер.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni