Seaden Quality Resort & SPA

  1. Turkia
  2. Antalija
  3. Side
  • Seaden Quality Resort & SPA
  • 96 fotografi
  • Plazh me rërë
  • Aqua park
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Children friendly
  • Ideale për familje
  • Në plazh
  • Fitness & SPA

SEADEN QUALITY RESORT & SPA - 5* - KUMKOY – SIDE Локација: Хотелот се наоѓа во Кумкој на 3 км од Сиде и 64 км од аеродромот во Анталија. Сместување: Вкупно 356 соби. Стандардни соби (35-40 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице). Фамилијарни соби со едно купатило (40 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 3+1 лице). Фамилијарни соби со две купатила (50 м², две спал

Rreth Seaden Quality Resort & SPA


SEADEN QUALITY RESORT & SPA   - 5* - KUMKOY – SIDE


 


Локација: Хотелот се наоѓа во Кумкој на 3 км од Сиде и 64 км од аеродромот во Анталија.



Сместување: Вкупно 356 соби. Стандардни соби (35-40 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице). Фамилијарни соби со едно купатило (40 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 3+1 лице). Фамилијарни соби со две купатила (50 м², две спални соби, две купатила, макс. 3+1 лице). Стандардни делукс соби (38 м², една спална соба со кружен кревет, едно купатило, џакузи на балкон, поглед на море, макс. 2 лица). Стандардни соби со директен пристап на базен (36-40м², една спална соба, едно купатило, директен пристап на базен, макс. 2 лица). Сите соби имаат приватни купатила со туш кабина и фен, бањарки, влечки, клима систем, телефон, мини бар (вода, безалкохолни сокови и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI - FI интернет конекција, ламинатни подови и балкон.


Услуга: Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, колачи и чај, вечера, доцна вечерна закуска, ноќна бифе, сладолед во одредени часови, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци (еден бар е отворен 24 часа), свежо цеден сок од портокал само за појадок, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш во текот на престојот, бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци и во лименки, свежо цедени сокови (освен за појадок), специјални локални и увозни вина, услуга во соба.


Содржина: Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани - турски, италијански и интернационален, барови низ целиот комплекс, диско клуб. Доктор, перална, фен, фризер, чување деца, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, изнајмување кола е со доплата. WI - FI конекција е бесплатна низ целиот хотел.


Плажа: Хотелска песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.


Спорт и забава: Отворени и затворени базени за деца и возрасни, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, центар за убавина, масажа, осветлување на тениски терени опрема и часови, билијард.


Забавни програми во текот на денот со професионални тимови и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 4 до 10 години, игралиште, мини диско навечер.


 


www.seadenhotels.com


Хотелот е отворен во 2021 година.


 


ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНА БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.


 


Fasilitetet

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Lokacioni