Seaden Sea World Resort & Spa

  1. Turkia
  2. Antalija
  3. Side
  • Seaden Sea World Resort & Spa
  • 39 fotografi
  • Aqua park
  • Best buy
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Fusha Tenisit
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Fëmitë deri në 12.99 vjeç - pa pagesë në hotel
  • Children friendly
  • Ideale për familje
  • Plazh me rërë dhe guralecë
  • Në plazh
  • Fitness & SPA

SEADEN SEA WORL AND SPA - 5* KIZALAGAC - MANAVGAT Локација: Хотелот се наоѓа во областа Кизалаач на 15 километри од Манавгат и 70 километри од аеродромот во Анталија. Сместување: Вкупно 528 соби, распоредени во 3 блока. Стандардни соби (30 м², една спална соба со еден француски и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице). Економска соба (30 м², една спална соба, едно купатило, француски

Rreth Seaden Sea World Resort & Spa

SEADEN SEA WORL AND SPA - 5* KIZALAGAC - MANAVGAT

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Кизалаач на 15 километри од Манавгат и 70 километри од аеродромот во Анталија.

Сместување: Вкупно 528 соби, распоредени во 3 блока. Стандардни соби (30 м², една спална соба со еден француски и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице). Економска соба (30 м², една спална соба, едно купатило, француски балкон, макс. 2 лица), Фамилијарна соба (50 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица). Стандардна комфорт соба (30 м², иста како и сите Стандардни соби, но со директен поглед на море и се наоѓа на повисоките катови, макс. 3 лица). Апартмани (80 м², една голема спална соба со џакузи, дневна соба, голема тераса, директен поглед на море, макс. 2 лица) и 6 соби за лица со попреченост. Сите соби се со приватно купатило со када или туш, фен, клима, телефон, минибар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво на пристигнување, а потоа секојдневно се дополнува со вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, телевизор со сателитски и музички канали, Wi-Fi интернет и балкон.

Услуга: Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, чај и колачи, вечера, закуски касно навечер, ноќно бифе, сладолед во определен дел од денот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци (еден бар е отворен 24 часа.), À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани и пијалоци во лименка, турско кафе, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, сите пијалоци во велнес центарот и во ноќниот клуб.

Содржина: Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски, италијански и далечен исток, барови низ хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, чување деца, фен, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, перална, хемиско чистење, пеглање, шопинг центар, изнајмување кола дополнително се наплаќа, Wi-FI бесплатно низ целиот хотел.

Плажа: Хотелска плажа со песок и ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

Спорт и забава: Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, Аква Парк, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, терени за тенис, пинг-понг, мини голф, гимнастика. Со доплата: спортови на вода, велнес центар, масажа, осветлување на тениските терени, часови и опрема за тенис, билјард и соба со игри.

Забавни активности во текот на денот со професионален тим и забавна програма навечер, мини клуб за деца од 4-12 години, анимации, простор за игри, мини диско навечер.

 

www.seadenhotels.com

ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНА БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.

 


Fasilitetet

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Lokacioni