Adam & Eve
- Turqi
- Antalija
- Belek
-
-
-
-
-
- 43 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Rreth Adam & Eve
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Белек, 35 км од аеродромот во Анталија и 45 км од центарот на Анталија.
-
Сместување
Вкупно 476 соби (во главната зграда) и 68 Вили.
Honeymooner design соби за меден месец (64 м², страничен поглед на море, една спална соба, купатило со туш кабина / WC, една соблекувална, дизајнирани соби со црвена постелнина само првиот ден, торта со логото на хотелот, специјално вино, овал со овошје и слатки, приоритет во À la Carte рестораните, задолжително прикажување на свадбен документ не постар од 90 дена, макс.2 лица).
Делукс стандардна соба (64 м², страничен поглед на море, една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, купатило, соблекувална, макс. 2 лица).
Делукс соби со директен поглед кон море (64 м², директен поглед на море, една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, соблекувална, макс. 3 лица).
Ladies design соби (64 м², страничен поглед на море, една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, соблекувална, соби со декорација само за женски гости, макс. 3 лица).
Romantic couples дизајнирани соби (64 м², поглед на море, соби дизајнирани само за парови, макс. 2 лица).
Design апартман (120 м² , една голема главна спална соба со дупли кревет, уште една спална соба со два единечни кревети, две купатила, една соблекувална, 70 м² тераса, макс.3 лица).
Кралски апартман (500 м², главна спална соба, и уште две спални соби, една дневна соба, еден бар, една сауна, три купатила, три соблекувални, 192 м² тераса, макс. 6 лица).
Дуплекс со директен пристап на базен - Duplex Swim up (175 м², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со единечен кревет, сауна, две купатила, соблекувална, swim-up тераса, макс.4 лица).
Вили:
Eва Вила (200м², главна спална соба, помала спална соба, дневна соба, една сауна, две бањи, една соблекувална, swim up тераса, макс. 4 лица).
Адам Вила (175 м², главна спална соба, една дневна соба со единечен кревет, една сауна, две купатила, една соблекувална, swim up тераса, макс. 3 лица).
Претседателска вила (Вила за забава) (600 м², главна спална соба, уште две спални соби, една дневна соба, бар, кујна, две сауни, три купатила, три соблекувални, приватна градина 500 м² и приватен базен од 80 м², макс. 6 лица).
Сите простории во главната зграда се дизајнирани со епоксиден под, а сите sидови се со огледала, така што секогаш можете да имате поглед на море или планина.
Постои и дел за одмор кој што може да го дизајнирате како кревет или седечка гарнитура, француски кревети и има ролетни со кои може да бидете разделени од надворешноста. Во просторијата има две релаксирачки бањи за две лица со светлечки третман во боја. Одделна бања со туш кабина, фен за коса.
Посебен одделен плакар (соблекувална), LCD телевизор од 106 см, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се надополунваат секој ден) со мултифункционална маса, сет со кафе и чај, клима што работи според временски услови, телефон, WI-FI (нормална брзина), балкон.
-
Услуга
Ултра сѐ вклучено - појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и доцна ноќна ужина, мини бар дневно наполнет, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на ручекот и вечерата, диететско мени.
Не се вклучени: луксузни увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови (освен за појадокот), À la Carte ресторани се со претходна резервација и со доплата, услуга во соба, макси бар во соба, рајска месечина - ВИП концепт за парови на меден месец, сепаре во Диско клуб и шоу центарот, специјална роденденска торта и цвеќиња.
-
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани: Arrigato - јапонска кујна, Sark I - турска кујна, Mezes - морска храна, Stek house ресторан, Basilico - италијански ресторан, Eros - Афродизијак ресторан само за парови, Blind ресторан - вечера во темнина. Барови низ целиот хотелски комплекс, диско и ноќен бар. Услуга во соба 24 часа – дополнително се наплаќа. Доктор, изнајмување кола, перење и пеглање, трговски центар, фризер, телефон, факс, интернет ќоше се наплаќа дополнително. Wi-FI во целиот хотел (нормална брзина) бесплатно.
-
Плажа
Приватна плажа од хотелот. Лежалки, чадори за сонце, крпи за на плажа се бесплатни. Павилјоните на платформата и плажата се со претходна резервација и се доплаќаат.
-
Спорт и забава
Отворен и затворен базен (не работи во лето), четири лизгалици на вода, фитнес центар, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг-понг, кошарка, мини фудбал, сквош, одбојка се бесплатни. Сите други спортски активности, како спортови на вода, куглање, летање со падобран, часови за нуркање, симулација на голф, Paint ball, часови за тенис и светло за тениски терени, СПА и велнес центар се дополаќаат.
Посебен забавен концепт, со настап на извонреден турски и светски познат диџеи, многу специјални настани и забави. Седум дена во неделата специјални програми.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Fasilitetet
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа