Kaya Palazzo Golf Resort

1. Turqi
2. Antalija
3. Belek
• Kaya Palazzo Golf Resort
• 74 fotografi
• Children friendly
• Fëmitë deri në 11.99 vjeç - pa pagesë në hotel
• Në plazh
• Fitness & SPA
• Rekomandimi ynë
• Plazh me rërë
• Waterpark
• Animacion
• WiFi falas
• Ekskluzive
• Pishinë e brendshme dhe e jashtme
• Fusha Tenisit
• Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
• Ideale për familje

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Rreth Kaya Palazzo Golf Resort

• Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Белек на 35 km од центарот на Анталија и 27 km од аеродромот.

• Сместување

Вкупно 493 соби во главната зграда, 120 луксузни лагуна апартмани (нови соби) и 13 вили.

Главна зграда:

Супериор соби (39 m²; една спална соба, дел за седење со софа, едно купатло, макс.2 + 2 деца).

Дуплекс фамилијарен апартман (108 m², две спални соби, една дневна соба, 3 тоалета, 3 туша, едно купатило со џакузи, макс. 4 + 2 деца).

Апартман со поглед на море (79 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со лизгачка врата, купатило со џакузи, друго купатило со туш, тераса или балкон, макс. 3 + 1 дете).

Сите соби се со балкон или тераса, купатило со туш, када, фен за коса, систем за климатизација, телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалаци, пиво, мало шише вино, чоколадо, бисквит се дополнуваат секој ден), сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет.

Luxury Lagoon suite: тоа се нови соби сместени во градина (зад главната зграда), секоја соба е 75 m², една спална соба со просторија за седење, едно купатило, сите соби се со тераса со директен пристап до заеднички базен (се загрева во зима), корпа со овошје, специјален сет во комбинација со увoзни пијалаци, чај и кафе, бањарка, влечки, макс.2+2 деца.

Специјални апартмани и вили:

Swim Up супериор соба (39 m², собите имаат само поглед на базен, една спална соба со француски кревет, простор за седење со софа на извлекување, едно купатило, директен пристап до заеднички базен, макс.2 + 1 лице).

Апартман со поглед на море (79 m², просториите се со поглед на море или базен, една спална соба, една дневна соба со лизгачка врата, 2 тоалета, купатило со џакузи, макс.3 + 1 дете).

Swim up апартман (79 m², со поглед на море или базен, една спална соба со француски кревет одвоена со лизгачка врата од дневната соба, две купатила, едно со џакузи, тераса со директен пристап до заедничкиот базен, макс.3+1дете).

Дуплекс фамилијарен апартман (108 m², две спални соби, една дневна соба, 3 туша, едно купатило со џакузи, балкон, макс. 4 + 2 деца).

Дуплекс Swim Up апартман (108 m², со поглед на базен, две спални соби, една дневна соба, купатило со џакузи, три туша и тераса со директен пристап до заеднички базен, макс.4 + 2 деца). Palazzo suite (108 m², главна зграда со поглед кон море и базен, една спална соба со француски кревет, една дневна соба, одвоени со лизгачка врата, 2 тоалета, два туша, џакузи, тераса со дел за седење, макс.3 + 1 дете).

Maldives Villas (175 m², директно на плажа, со 1 голема спална соба со соблекувална и купатило, уште две спални соби, две купатила со џакузи и туш, приватен отворен базен, трпезарија со кујна, приватна површина за сончање и павилјон на плажа, макс. 6 лица).

Swim up Villa (138 m², директен влез во заедничкиот отворен базен од собата, една голема спална соба со соблекувална, две спални соби, дневна соба со американска кујна, две купатила една со џакузи, приватен павилјон на плажа, една соба за дадилка, тераса со простор за седење, макс. 6 лица).

Golf Villa со 2 спални соби (130 m², лоцирана на голф - клуб Kaya Eagles, 2 спални соби, една дневна соба со американска кујна, едно купатило со џакузи, друго купатило со туш, тераса со дел за седење, приватен базен 96 m², приватен павилјон на плажа, макс. 4 лица).

Golf Villa со три спални соби (265 m², лоцирана на голф-клуб Kaya Eagles Golf club, три спални соби, една дневна соба со американскa кујна, едно купатило со џакузи, уште две купатила со када, тераса со дел за седење, приватен базен 135 m², една соба за дадилка, приватен павилјон на плажа).

• Услуга

Palazzo сѐ вклучено – пијалок за добредојде и кошница со овошје во собата по пристигнување, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и ужина во вечерните часови, локални и брендирани увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, разно свежо овошје, сокови, дел за вино во главниот ресторан, производи на кока - кола, избор на чај и кафе, сладолед, коктели, меѓународни егзотични коктели во сите барови.

Не е вклучено: луксузни увозни пијалаци, À la Carte рестораните со претходна резервација и доплата, специјални вина и флаширани пијалаци, енергетски пијалаци, сите пијалаци во бар голф клуб, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан за услуга - сѐ вклучено, À la Carte е ресторани - Yada - азиски ресторан, Serafina - италијански ресторан, Mezzo – рибен ресторан, Devel Kebab 1912 – турска кујна,  Steak House, Lagoon restaurant, Palazzo longue ресторан, барови на различни места околу хотелскиот комплекс, отворен диско клуб.

Не е вклучено: Продавници, перење и хемиско чистење, лекар, чување деца, фризер, салон за убавина, изнајмување кола, телефон, факс, интернет и компјутерски игри.

WI-FI интернет бесплатно во собите и во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа.

Лежалки, чадори и крпи за плажа се бесплатни.

Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени, ВИП базени за возрасни, детски базен, аква парк, фитнес центар, сауна, турска бања, џакузи, тениски терени, пинг-понг, одбојка, кошарка, мини голф се бесплатни.

Со доплата: осветлување на тениските игралишта, опрема за тенис, часови по тенис, фудбалски игралишта, терени за голф (во близина на хотелот), масажа, СПА и центар за убавина, спортови на вода, центар за игри, јавање коњи. Забавни програми за возрасни во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, кино.

Постои мини клуб за деца од 0 – 03 (со родители),04 – 07 години  и тинејџерски клуб од 13 - 16 години со програми во текот на денот, во вечерните часови Mini Disco.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni