The Desert Rose Resort

1. Egjipt
2. Deti i Kuq
3. Hurgada
• The Desert Rose Resort
• 42 fotografi
• Rekomandimi ynë

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth The Desert Rose Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот е околу 16 км оддалечен од центарот на Хургада, и на 15 минути возење од аеродромот. Целиот хотелски комплекс зафаќа површина од околу 300 000 м². DESERT ROSE HOTEL во Хургада, позната како “бисерот на Египетското крајбрежје”, со преку 350 сончеви дена во годината, е најзначајниот туристички центар на Египет на западната страна од Црвеното Море.

• Сместување

Хотелот има 912 соби – 872 стандардни и супериор соби и 40 апартмана.

• Стандардни соби
• Супериор соби

Во сите соби има клима, сеф, сателитска ТВ, мини бар, фен за коса. Гостите во супериор собите имаат бесплатен Wi-Fi.

• Услуга

Сѐ вклучено шведска маса за ран појадок, појадок, ручек, вечера и касна вечера во The Palm Restaurant. Покрај галвниот ресторан, хотелот има и 4 À la carte ресторани (гостите можат да користат ручек или вечера, повеќе пати за време на престојот, со претходна резервација) – La Dolce Vita (италијански), Il Delfino (рибен), Fattoosh (либански) и El Ranchero (мексикански). Гостите може да ги користат и баровите Tropicana, Club Soda, Sunset Bar, Blue Lagoon, Sand Bar, Sea Breeze, Rose Bar, Harry’s Bar, The Dance Club, Bella Vista i Ali Baba. Во концептот се вклучени и ужини, сладолед, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Со доплата се увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, Ali Baba барот, појадок во IL Delfino, и сѐ друго што не е наведено во концептот.

• Содржини

Хотелот има 3 големи базена – базен без активности, олимписи и базен со анимација, дел од базенот е за деца и има два тобогана, аква парк со тобогани. Безенот со анимации и аква парк се загреани за време на зимската сезона (во зависност од временските услови и пополнетост на капацитетот на хотелот). Од останати активности има пинг понг, терени за фудбал. Бока, кошарка, тенис (опрема за тенис и осветлување на теренот се наплаќа), одбојка на плажа, гимнастика во вода, зумба, степ аеробик, караоке, часови за стомачен и латино танц, како и многу дневни и вечерни анимации, мини диско, банкомат. Интернетот е бесплатен во супериор собите и на јавните места од хотелот. Со доплата е СПА центар, брз интернет, фризерски салон, доктор, шатл превоз до центарот на Хургада, интернет клуб. Хотелот располага и со 2 конференциски сали.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа, долга околу 1 км во облик на лагуна и е совршена за семејства со деца. Покрај главната плажа во лагуната, хотелот има и две помали плажи на отворено море. Еден дел е со корален гребен (се препорачува носење обувки за во вода).

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Lokacioni