Jordan
ЈОРДАН | Индивидуални патувања
Аман - Мртво Море - Петра - Небо - Вади Рум
- Секој Пон и Пет
- 8 дена | 7 ноќи
- Полупансион
- Авионски превоз
- Трансфер
Лет кон Јордан
Враќање кон Скопје
Програма
Полетување од Скопје со Turkish Airlines во 20:45 часот со број на лет TK 1006.
Слетување во Истанбул во 00:15 часот, полетување за Аман во 02:20, слетување во 04:40 и организиран трансфер од аеродром до хотел.
Сместување во собите по 14.00. Време за одмор.
Вечера. Ноќевање Во Аман.
Појадок.
Посета на Мртвото Море, најниската точка на Земјата во Јорданската Долина 55 километри од Аман.
Продолжуваме кон Источната Пустина за да ги посетиме тврдината „Al Kharraneh, Amra“ како и тврдината „Al Azraq“ каде што Лоренс од Арабија напишал дел од својот мемоар „Седум столбови на мудроста”.
Враќање во хотел. Вечера.
Ноќевање во Аман.
Појадок.
Посета на староримскиот град Јераш кој сведочи за големината и славата на Римската Империја со величенствените и добро зачувани остатоци од храмови, римски бањи, амфитеатри, плоштади, фонтани и градски ѕидини.
Продолжуваме кон Север да го посетиме Ајлун, каде замокот „Qal’at Ar-Rabad“ е одличен пример за исламската архитектура.
Враќање во хотел. Вечера.
Ноќевање во Аман.
Посета на Мадаба, град кој е познат по мозаикот на картата на Ерусалим и Светата земја од 6 век.
Посета на црквата Св. Ѓоргија на Планината Небо, која е спомната во Библијата во делот каде што Бог ја покажува ветената земја на Мојсеј. Се смета дека тоа е исто така место на последното почивалиште на Мојсеј и неговиот гроб.
Од таму се упатуваме кон реката Јордан и местото на Исусовото Крштевање.
Се посетува тврдината Шобак изградена во 1115 година од страна на кралот Болдвин Први од Ерусалим.
Враќање во хотел. Вечера.
Ноќевање во Петра.
Посета на Петра, едно од 7-те светски чуда. Клисура долга 1 км, која од двете страни е опколена со карпи високи 80 метри. Прошетката низ Петра продолжува покрај улицата на фасадите, театрите, храмовите...
Вечера.
Ноќевање во Петра.
Двочасовно возење со џипови по јорданската пустина Вади Рум позната по името „Долина на Месечината“.
Бедуинска вечера.
Враќање во хотел. Ноќевање во Вади Рум.
Се враќаме во Аман. Слободно време.
Вечера. Ноќевање во Аман.
По појадокот одјавување од хотел и организиран трансфер до аеродром.
Полетување за Истанбул во 11:00 часот со број на лет ТК 817. Слетување во Истанбул во 13:30 часот.
Полетување од Истанбул во 20:25 со број на лет ТК 1005 и пристигнување во Скопје во 19:55.
Во цената е вклучено
- Авио билет Скопје – Истанбул - Аман - Скопје со Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Организиран трансфер од хотелите до местата на посета
- 7 ноќевања со појадок и вечера во 4* хотели
- Виза за Јордан
- Влезници според програмата
- Возење со џипови во траење од 2 часа во пустината Вади Рум
- Кратко јавање коњи во Петра (за поискусните)
Во цената не е вклучено
- Бакшиши за водичите и возачите
- Индивидуални прошетки и трошоци кои што не се наведени во програмата
- Дополнителни екскурзии
- Сите останати трошоци што не се напоменати погоре
- Патничко и здравствено осигурување 240 ден
Важна напомена:
- Плаќањето е задолжително во денари (1 еур=62 мкд)
- Поаѓање од Скопје секој петок и понеделник
- За влез во Јордан потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
- Плаќање при резервација 100% и нема можност за откажување, менување термин или имиња
- За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 2 патници
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Травел