Paris Prill 2023 | ░T░Ë░ ░S░H░I░T░U░R░A░

Париз | Велигден

14.04.2023 - 18.04.2023

Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како „Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз секогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј ќе го направат Вашиот престој во овој град музеј - незаборавен.
  • 14.04.2023
  • 5 дена | 4 ноќи
  • Со појадок
  • Авионски превоз
+
од 669€
Сите цени

Хотел

Хотел
Локација
Ноќевања
Цена
Париз
4
669€

Програма

1 ден
14.04.2023 -Петок

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03:45 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:45 од Скопје,со вклучен пијалок во авион.

Слетување во Париз во 11:05 и организиран трансфер со автобус до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед на:

    Елисејските Полиња и Триумфалната Капија
    Конкорд и Црквата Мадлена
    Операта Гарние и Музејот Лувр
    Нотр Дам и Ајфеловата Кула

Сместување во хотел.Слободно време за ручек и неколку часовен одмор.

Во 19 часот крстарење со брод по Сена (факултативно).

Слободно време за вечера (факултативно).

Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

2 ден
15.04.2023 -Сабота

Појадок.

Во 08.00 часот организирана (факултативна) прошетка до Лувр (со метро). Од Конкорд преки парковите Тујлери се доаѓа до малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр.

Слободно време за влез во Лувр (индивидуално).

Слободно време за одмор и ручек.

Организирана посета на Галеријата Лафајет со можност за преубава панорамска глетка од шестиот кат.

Организирана посета на Операта Гарние, посета на Музејот Фрагонар. Краток одмор.

Прошетка по Плоштадот Вандом каде што се наоѓа и Хотелот Риц, следува враќање во хотел со метро.

Во вечерните часови организирана посета на Ајфелова кула (со метро).

Заедничка вечера (факултативна) во ресторан на Трокадеро.

Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден
16.04.2023 -Недела

Појадок.

Организирана посета (факултативна) на Версај со автобус и водич. Поаѓање од хотел во 08:30 часот.

Се посетува дворецот и парковите. Вракање во Париз и тоа во Латинскиот кварт,посета на Богородичната црква(однадвор).

Слободно време за ручек и индивидуални прошетки во квартот.

Посета на Сорбона, прошетка по булеварот Сен Мишел.

Организирана посета на Мон Мартр (со метро).

Слободно време и прошетка во квартот на уметниците и посета на Катедралата Светото Срце.

Слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж.

Вечера во некој ресторан на Пигал, по што следува враќање во хотел со метро.

Истата вечер можност за организирана (факултативно) вечерна посета со представа и шампањ на кабарето Мулен Руж или Крејзи Хорс.

Ноќевање.

4 ден
17.04.2023 -Понеделник

Појадок.

Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк за возрасни и деца – Дизниленд. Се патува со брзиот воз, а влезниците се купуваат преку интернет.

За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Река Сена, плоштадите, парковите, Општината, Бастиља, Центарот Помпиду.

Ноќевање.

5 ден
18.04.2023 - Вторник

Појадок.

Одјавување од хотелот,багажот се остава на рецепција.

Организирана посета на Новиот дел од Париз, Елисејските Полиња или Латинскиот кварт и можност за посета на Музејот Орсеј.

Слободно време за ручек.

Организиран превоз до аеродром од хотелот во 14:30 часот.

Полетување за Загреб во 18:30 часот, слетување во 20:20.

Полетување кон Скопје во 22:10, а слетување во 23:25 часот.

Во цената е вклучено

  • Авио билет на релација Скопје - Париз - Скопје со Croatia Airlines
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен багаж 20 кг + пијалок и во авион
  • 4 ноќевања со појадок во хотел со 3*Ibis La Defence во Париз
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организиран панорамски разглед на градот со автобус
  • Организирани пешачки разгледувања на градот со слободно време за ручек и вечера со пратител на група, меѓу кои и:
    • Ла Дефанс, Елисејските Полиња, Триумфална Капија, Плоштадот Конкорд, Елисејската Палата, Малата и Големата Палата, Музејот Лувр однадвор и Паркот Тујлери, Музејот Орсеј однадвор, плоштадот Вандом,Операта Гарние со влез, Галеријата Лафајет(со влез), Фрагонард музејот (со влез), Латинскиот Кварт и Нотр Дам однадвор, Сорбона, Пантеон, Луксембуршките градини, Мон Мартр и Пигал, Мулен Руж, Ајфеловата Кула, Дом На Инвалидите, Трокадеро...
  • Организација на патувањето и Придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
  • Придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

Во цената не е вклучено

  • Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 20€ карнет за 10 возења)
  • Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот спрат 18.10€ до врвот 28,30€)Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 18,60€ карнет за 10 возења)
  • Посета на Лувр 20€ влезница (се купува билет преку интернет)
  • Посета на Версај - 75€ влезница + водич, за лица до 18 год. 40€ (се патува со автобус од хотел) не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место ,чини околу 11€.
  • Влезница за брод по Сена 15€ (се патува со метро) организирано!
  • Посета на Операта Гарние 14€, музејот Орсеј околу 16€ - влезница за секој објект
  • Посета на Мулен Руж со претстава (цена од 88-110 еур со пијалок ½ шампањ)
  • Посета на Дизниленд –влезниците се купуваат преку интернет
  • Вечера или ручек во ресторан од 15€ без пијалок
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 180 мкд.

Важна напомена:

  • За реализација на факултативните екскурзии потребно е минимум од 15 патници
  • Плаќањето е задолжително во денари (1€=62 мкд)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите можно е да претрпат промена, не се загарантирани
  • Задолжително пријавување во Агенција за екскурзијата во Версај
  • Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Травел