Seven Seas Palmeras Bay
Alanija, Turcija
Види цени
Види цени
За Seven Seas Palmeras Bay
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Конакли на 8км од Аланија и 112км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 324 соби во главната зграда и анекс згради.
- Стандардни соби (32 м², една спална со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+2 лица),
- Економски соби се во Анекс зградата со исти димензии како стандардни соби.
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, систем за климатизација, телефон, мини бар, сеф (со доплата), сателитска ТВ со музички канали, ламинат под и балкон.
-
Услуга
Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, попладневни закуски, вечера, доцна ужина. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10 до 24ч., бар на плажа од 10 – 18ч. Не е вклучено: увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, сите коктели, услуга во соба, свежо цедени сокови, турско кафе, À la carte ресторан.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан, барови околу комплексот. Доктор, фризер, шопинг центар, телефон и факс, интернет катче, изнајмување кола, чување деца, перална со доплата. Интернет (ограничен) е бесплатен покрај хотелскиот базен.
-
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. (Промена на крпите за плажа е со доплата).
-
Спорт и забава
Надворешен базен за возрасни и деца, 2 лизгалки, фитнес, одбојка, пинг понг. Со доплата: турска бања, сауна, спортови на вода, спа и салон за убавина, масажа, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4 до 12 години, детско игралиште.
Веб страна на хотелот