За нас

Нашата приказна

Основана во 2000 год., Фибула Ер Травел брзо го постигна својот огромен успех во областа на туризмот како дел од големата меѓународна групација на Фибула Ер Травел со главно седиште во Анталија, Турција. Така, станавме првата компанија за
управување со туристички дестинации во Македонија и Балканот. Нашата главна
канцеларија е во Скопје, а имаме три филијали во Скопје, Куманово и Охрид каде
што работат повеќе од 30 професионалци од областа на туризмот.


about us

Фибула во Mакедонија беше формирана од ентузијасти со солидно познавање на туризмот кои што сакаа да го поедностават патувањето и да го направат светот достапен на сите. Нивната цел беше да се прошират границите на обичното патување со
создавање тим кој што знае да го направи целото патување попривлечно, пофлексибилно и поудобно.

Фибула стана еден од главните столбови на туризмот во земјава и на Балканот со
комбинирање на својата експертиза и информатички технологии, со цел да ја
зајакне својата улога на пазарот и да го поедноставни целиот процес,
заштедувајќи време и на клиентите и на партнерите. Постојано работиме на
подобрување на услугите и квалитетот, а со тоа ја прошируваме и нашата мрежа на партнери.

За кратко време станавме една од најискусните агенции во земјава и регионот, а со
напорна и транспарентна работа ја стекнавме довербата кај нашите клиенти.
Благодарение на нашето знаење, искуство и пристап до ексклузивни цени, Ви овозможуваме да го збогатите вашето животно искуство со патувањата.

Ние Ви нудиме пакети направени по Ваш вкус, според Вашите барања и буџет. Се’ што треба да направите е да се спакувате и останатото да ни го препуштите нам.

Фибула Ер Травел се состои од внимателно избрани креативни истражувачи,
компјутерски експерти и искусни професионалци кои што работат заедно да Ви
овозможат возбудливи и незаборавни патувања низ светот, без разлика дали
станува збор за вашиот меден месец, одмор за целото семејство, или обично
бегство од секојдневието.

Покрај тоа, Фибула Ер Травел им овозможува на странските туристи да ја доживеат Македонија на еден поинаков начин, благодарение на природните убавини, прекрасните хотели, забавните активности и нашата одлична организација.

Нашите услуги ги проширивме со обезбедување превоз и трансфери во земјава и во странство, рент–а–кар, спортски активности, културолошки посети, водење тури на неколку светски јазици, 24 – часовна поддршка за клиенти, и уште многу други.

Нашиот труд беше многу пати наградуван од Министерството за Економија, бевме прогласени како најдобар тур оператор во земјава за 2011, 2012, 2015, 2016, 2017, 2018,
2019 год, и др.

Контактирајте не и дозволете да Ви го овозможиме најдоброто патување што сте го имале.

ЗОШТО ФИБУЛА?

Удобност

Наместо да пребарувате низ многубројните интернет страници, водичи или постови на социјалните мрежи, само навалете се и препуштете го сето тоа на професионалци, заштедувајќи ви драгоцено време.

Заштедете пари

Нашата агенција има ексклузивен пристап до специјални понуди и попусти, обезбедувајќи ви најдобри опции за патување. Доколку сакате да го извлечете најдоброто од вашиот одмор, ние можеме да Ви го овозможиме тоа.

Личен советник

Нашите агенти ќе Ви овозможат да ви организираат незаборавни патувања. Кога резервирате онлајн, не се знае точно кого да контактирате или кому да се обратите да Ве упати. Со нас, од самото планирање па се’ до враќање, имате достапен личен советник во текот на целиот процес

Совети од експерти

Нашите агенти се образовани експерти кои што патувале и одлично ги познаваат нашите дестинации, па можат да Ве упатат и да Ве водат каде и одите. Искористете го нивното знаење за да си го остварите одморот од соништата. Посетете ги местата што не може да ги најдете на Гугл.