Општи информации за патување

01. Потребни документи за патување:

✔️ Пасош валиден уште најмалку 6 месеца од датумот на патување

✔️Задолжително патничко осигурување, од која било осигурителна компанија

✔️ Карти и ваучер во печатена форма

02. Останати информации за патување:

  • Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување.

  • Дозволен чекиран багаж е еден куфер до 20 кг по лице и рачен багаж до 7 кг по лице.

  • На излез од аеродром патниците ги пречекуваат претставници на Фибула и ги упатуваат на трансфер.

  • Во автобус патниците добиваат брошура со датум и време за состанок со водичот, како и телефонски број за контакт.

  • Информативниот состанок со водичот е задолжителен за сите, со цел да добијат информации за дестинацијата, факултативните излети, асистенција и помош околу евентуални проблеми кои можат да настанат за време на престојот (сместување, соби, и сл.), како и информации за повратниот лет за Скопје.

  • Ваучерот од Фибула се приложува во хотел. Патниците треба да добијат ист тип на соба и ист тип на услуга (AI, UAI, и сл), како што е наведено во ваучерот.

  • Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт на рецепција при check-in. Хотелот има право да промени содржини и делови од концептот без претходна најава.

  • Пријавувањето и влегувањето во собите е околу 14 часот, а одјавувањето и излегувањето од истите е околу 12 часот последниот ден. Доколку има слободни соби, може со доплата да се добие собата порано или да се задржи собата уште неколку часа послeдниот ден (се плаќа директно на рецепција).

  • Доколку има проблем со сместувањето кој што не може да се реши директно на рецепција, или ви се потребни дополнителни информации во врска со факултативи, треба да се исконтактира водичот со цел побрзо да се реши сè.

  • Хотелот има право да престане со давање услуги по одјавување на собата или да побара одреден надомест за истото.

  • За враќање на авио билетите пишува дека летот е во 23.59 поради технички причини. Летот е после полноќ, во зависност со која авиокомпанија се лета. Времето на пристигнување во Скопје наведено на картите е точно.

  • Информација за трансфер од хотел до аеродром ќе биде достапна директно на рецепција или по порака последниот ден.

  • Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром.

  • Агенцијата не е одговорна за оштетен или изгубен багаж. Секој патник е одговорен за својот багаж. Пожелно е секој багаж да биде означен со име и презиме (тагови за информации за сопственикот има на аеродром).

  • При итен случај пишете нѝ на Viber / WhatsApp +389 70 404 488.

03. Прочитајте ги и општите услови за патување на Фибула:

Општи услови за патување