Hedef Resort & Spa
- Turcija
- Antalija
- Alanija
- 55 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо Hedef Resort & Spa

Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Аланија, на 120 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 760 соби распоредени во 3 блока.
- Стандардни соби (26м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица)
- 4 соби за хендикепирани лица.
Сите соби се со купатило со када, туш, фен, клима систем, телефон, мини бар (само вода се надополнува секојдневно), сеф (со доплата), ламилиран паркет, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга
Ултра сѐ вклучено – сервис за шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, кафе и колачи, ужина во снек бар, сладолед во одредени часови, локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10.00 часот до 18.00. Дополнително се наплаќа: специјални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, Витамин бар.

Содржини
Главен ресторан за сервис шведска маса, À la Carte ресторани - турска кујна, рибен и скара ресторан, барови во хотелскиот комплекс - лоби бар, бар покрај базенот и на плажа, снек бар. Доктор, телефон, факс, фризер, сервис за перење, интернет кафѐ, шопинг центар, изнајмување кола дополнително се наплаќаат.

Плажа
Хотелската приватна песочна плажа на 70 м од хотелот, со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Пешкирите за на плажа и покрај базенот се со депозит.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, водени лизгалици, фитнес центар, турска бања, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа. Дополнително се наплаќаат спортови на вода, билијард, куглање, осветлување на тениски игралишта, сауна, масажа, спа и центар за убавина. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 до 12 години, детско игралиште.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа