Long Beach Resort Hotel & Spa
- 151 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо Long Beach Resort Hotel & Spa

Положба
Хотелот е се наоѓа во Турклер областа, 20км од Аланија и 90км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 773 соби, вили и фамилијарни соби Chalet.
- Стандардни Соби: (28-33м², макс.2 +1 лице).
- Фамилијарен Дуплекс: (50-55м², макс. 4+1 лице, две одвоени соби со врата, едно купатило).
- Фамилијарни Дуплекс Апартмани: (75м², макс. 4+1 дете, две соби одвоени со врата, на двa нивоа и две купатила).
- Фамилијарни Апартмани: (60-85м² две соби одвоени со врата, две купатила џакузи, два балкона).
- Вили Апартмани: (40м²-56 м² две соби одвоени со врата, платформа за сончање, директен пристап до базен, мах 6+1 дете).
- Swim Up Соби: се наоѓа и во делот кај вилите (една спална, едно купатило, директен пристап на базен, макс. 2 лица).
- Фамилијарни Chalet: (43м², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 + 1 дете).
Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови, вода и минерална вода на пристигнување, подоцна само вода), сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина преку ден и попладне, вечера, ужина во доцните вечерни часови, мини бар во собите - безалкохолни пијалоци и вода на пристигнување, подоцна само минерална вода и вода, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безакохолни пијалоци, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш во текот на престојот, сладолед во одредени часови крај базенот. Луксузни увозни пијалоци, свежо цедените сокови, флашираните пијалоци, услуга во соба, специјални вина се наплатуваат.

Содржини
Главен ресторан – Hayat – шведска маса, снек бар на плажа, кафе и колачи - Cake House, À la Carte ресторани- Lapino (турска кујна или iталијанска кујна), Delphin (Медитеранска кујна), El Sombrero (Мексиканска кујна), барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, перење и пеглање, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително се наплатуваат.WI-FI интернет во собите и во хотелскиот комплекс бесплатни.

Плажа
Хотелска песочна плажа со ситни камчиња. Lежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа не се наплатуваат.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква Парк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг понг и гимнастика. Масажа, Wellness& Spa центар, спортови на вода, осветлување на тениските игралишта, куглање, специјални програми за слабеење се со доплата. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и базенот, вечерен шоу програм, специјални програми за деца во Мини клубот од 04-12 години, бесплатна забава во забавен парк во период од 19.30-20.30 часот.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа