Smart Mirabell Hotel

• Smart Mirabell Hotel
• 23 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Smart Mirabell Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Конакли на 12км од Аланија и 120км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Хотелот располага со 171 соби.

• Стандард соби (24м², спална соба, купатило, макс. 2+1 лице),
• Големи соби (30м², голема спална, едно купатило, макс. 3+1 лице
• 2 соби за хендикепирани лица.

Сите соби имаат купатило со када или туш кабина, фен, централна клима, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплат), сателитска TV и музички канали, ламинтатен под, балкон.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужини помеѓу оброците, доцни ноќни ужини, сите локални и некои увозни пијалоци (водка, виски, мартини само во лоби барот) и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 ч., пијалоци во барот на плажа од 10:00 – 17:00, сладолед во одредени часови, свежо цедени сокови само за појадок. À la Carte ресторан со претходна резевација и само еднаш за време на престојот. Бебешко катче со микробранова печка, стерилизатор за шишиња, затоплување шишиња, рачен блендер. Не е вклучено: увозни пијалоци кои ги нема на мени листата, сите флаширани шишиња, специјални вина, свежо цедени сокови, наргиле, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан на шведска маса, À la Carte ресторани (турска и италијанска кујна), барови во хотелскиот комплекс, диско клуб. Посебно се наплатуваат: лекарски услуги, чување деца, перење алишта и хемиско чистење, телефон, факс, компјутерски игри, изнајмување кола, фризер, продавници. Wi-Fi интернет конекцијата во целиот хотел е бесплатна.

• Плажа

Хотелска песочна плажа преку улицата (постои и тунел до плажа). Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа се бесплатни. ВИП павилјони – со претходна резервација и доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базаени за деца и возрасни, 2 лизгалки на вода, фитнес, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, одбојка на плажа, пинг понг, забавни програми во текон на денот, натпреварување со професионален тим, вечерни шоу програми, мини клуб – Toucan Academѕ детски клуб, за деца од 4 до 15 години поделени во групи по години, разчични програми во текот на денот, мини диско навечер. Посебно се плаќаат според правилата на хотелот: спортови на вода, масажа, школа за нуркање, осветлување и опрема за тениски терени.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште