Caves Beach Resort
- Egipet
- Crveno more
- Hurgada

- 78 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Caves Beach Resort

Положба
Хотелот се наоѓа во Ал Ахија во Хургада, на 10 км од Хургада и 15 км од аеродромот во Хургада, и 8 км од Ел Гуна.

Сместување
Хотелот е дизајниран во уникатен и прекрасен стил на камени пештери, по примерот на познатите Каменковци. Отворен е во 2015 година и нуди 385 соби распоредени во четирикатна зграда со поглед на градина, базен или море.
- Стандардни соби пештери 40 м², макс. 4 лица,
- Делукс соби пештери 50 м², макс. 4 соби,
- Пештерска соба со кралски базен (со тераса со директен пристап на базен) - 60 м², макс.4 лица.
Сите соби се уникатно дизајнирани, со камен и дрво, пространи, имаат бања со туш, фен, клима, шпорет, сет за кафе и чај, сеф, мини бар (2 мали шишиња минерална вода се надополнуваат бесплатно, сѐ друго се плаќа), сателитска ТВ , балкон или тераса.

Услуга
Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера, ужина, чај од 17.00-18.00 часот, кафе еспресо, сладолед од 12.00-17.00 часот (Barney's Pool Bar и Betty's Pool Bar), сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци послужени во чаши освен минерална вода, Диско клуб. Концептот не вклучува: À la Carte ресторани: Bam Bam (скара) и Pebbles Teppanyaki (јапонска кујна), сите увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, арапско/турско кафе, наргиле, пијалоци во диско барот, услуга во соба. Со доплата гостите имаат на располагање: Доктор, аптека, перална, хемиско чистење и пеглање, продавници, банкомати. Во хотелот има WIFI интернет конекција, во собите се доплаќа.

Содржини
Хотелот располага со 2 базени, од кои кај едниот има анимации. Во текот на зимската сезона се загрева базенот со анимации (варира во зависност од временските услови и пополнетоста на хотелските капацитети), одбојка на плажа, аеробик, пинг-понг, билијард. Со доплата се: фитнес, спортови на вода, школа за нуркање, Спа и Аква центар, масажи, Салон за убавина, Lava диско ( само влез бесплатен ). Дневна забавна програма со анимација.

Плажа
Хотелот располага со приватна песочна плажа, бесплатно се користат крпи, лежалки и чадори за сонце. Еден помал дел е со корален гребен, а поголемиот дел од зоната за капење е плитка вода и задолжително е користење на чевли за капење. Со картичката се доставуваат крпи (губењето на картичката се наплаќа).

Внимание
Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.
Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.
Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот