Continental Hotel Hurghada
- Egipet
- Crveno more
- Hurgada

- 36 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Continental Hotel Hurghada

Положба
Хотелот се наоѓа во новата туристичка зона Мемша, на 5 км од аеродромот и 6 км од Хургада.

Сместување
Вкупно 252 соби.
- Стандардни соби
- Делукс соби
- Фамилијарни соби
Сите соби се опремени со брачен кревет или два единечни кревети, купатило со туш/када, клима уред, сеф, мини бар (со доплата), сателитска, LCD телевизор, сет за кафе/чај.

Услуга
Сѐ вклучено шведска маса за појадок, ручек и вечерa, попладне колачи и чај, À la Carte ресторани: Al Dente (еднаш за време на престојот од 19:00 до 22:00 часот, со претходна резервација), рибен ресторан (еднаш во текот на престојот од 19:00 до 22:00 часот, со задолжителна претходна резервација), барови во целиот хотелски комплекс, All inclusive со почеток од 10:00 -23:00 часот - Сите топли пијалоци - чај и чоколадо, филтер кафе, безалкохолни пијалоци, локални алкохолни пијалоци. (Концептот ALL inclusive побарајте го на рецепција во хотелот или во собите). Се доплаќа: еспресо, турско кафе, свежо цедени сокови, коктели и увезени алкохолни пијалоци, наргиле, храна надвор од определеното време, пијалоци после 23 часот, и се што не е наведено, доктор, перална, такси услуга, фризер, продавници, менувачница, услуга во соба. WIFI интернет-врската е бесплатна во лобито.

Содржини
Главен ресторан ,,Palm’s Brasserie. Во самиот хотел има неколку À la Carte ресторани. Италијански ресторан ‘’ AL Dente’’, Сириски ресторан ‘’ Dabke ’’, Бразилски ресторан ‘’ La Terrace Bar& Grill ’’. Бесплатно WI- FI во лоби. Дополнително се наплаќаат хемиско чистење, доктор, операма за тенис, фризер, салон за убавина, спортови на вода, масажа, сауна.

Плажа
Хотелска приватна плажа долга 300 м. Чадори, лежалки и крпи за на плажа се бесплатни.

Спорт и забава
Гостите на хотелот можат да користат: голем базен (едниот дел се грее во зима) фитнес центар, тениско игралиште (рекетите и осветлувањето се доплаќаат), два терени за сквош (опремата и осветлувањето се доплаќаат), педалинка 30 мин за време на престојот, Кану (бесплатно еднаш за време на престојот за гости кои престојуваат во хотелот минимум 7 ноќевања), 30 минути во Аква Центар, пинг-понг. Дополнително се наплаќаат сите спортови на вода, часови за нуркање, Спа и центар за убавина, масажи, џакузи. Забавна програма за анимација во текот на денот и навечер. За деца (од 4-12 години) Снупи клубот е достапен од 10:00 до 13:00 часот и од 14:30 до 17:00 часот (освен понеделник) и дневно мини диско од 20:30 часот.

Внимание
Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.
Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.
Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

Општо
- Собна услуга

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца