Hurghada Long Beach Resort

  1. Egipet
  2. Crveno more
  3. Hurgada
  • Hurghada Long Beach Resort
  • 50 слики
  • Наша препорака

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Hurghada Long Beach Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Сафага, Хургада на 20 км од центарот на Хургада и 14 км од меѓународниот аеродром во Хургада, на југот од Хургада кон регионот Сал Хашиш.

  • Сместување

    Хотелот содржи 916 соби распоредени во главна зграда и многу помошни објекти (стандардните соби се таму) со поглед на море, базен или градина.

    Стандардни соби, делукс соби, фамилијарни соби.

    Сите соби имаат купатило со туш или када, ТВ, мини бар (се доплаќа), клима уред, фен, сеф, телефон, балкон, електричен бокал.

    * Напомена: Собите се наоѓаат во главната зграда, семејната зграда и вилите. Стандардните соби не се во главната зграда.

  • Услуга

    Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, детско катче во главниот ресторан, локални алокохолни и безалкохолни пијалоци на точење, закуски во текот на денот.

    Со доплата се увозни пијалоци, флаширани пијалоци, À la carte ресторани (со претходна резервација и со доплата), услуга во соба, и сѐ останато што не е наведено во  концептот.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (италијански, египетски, морски, кулинарско шоу), барови низ хотелскиот комплекс.

    Со доплата се доктор, продавници во склоп на хотелскиот комплекс, фризер и салон за убавина, сеф, изнајмување автомобили, продавница за сувенири, услуги за перење и пеглање.

    Wi-Fi интернет е со доплата.

  • Плажа

    Хотелска песочна плажа долга 1 км, со лежалки и чадори. Еден дел од плажата е со корален гребен, додека поголемиот дел од плажата е простор за капење со плитка вода.

    Плажата е оддалечена околу 900 метри од последната зграда.

  • Спорт и забава

    6 надворешни базени, од кои 2 се загреани во текот на зимскиот период, детски базен. Аква парк со 7 лизгалки за возрасни.

    Со доплата фитнес, масажа, сауна, џакузи, хамам, центар и школа за нуркање, сурфање, тениски терени, пинг понг, мини голф, билијард.

    Дневни забавни програми, мини клуб за деца, детски игралишта, тим за анимација, диско.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Локација