Jaz Makadi Oasis Resort
- Egipet
- Crveno more
- Makadi Bay

- 31 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Jaz Makadi Oasis Resort

Положба
Хотелот се наоѓа во Мадинат Макади на 30 км од аеродормот во Хургада.

Сместување
Вкупно со 521 соба.
- Супериор соби (32 м², една спална, едно купатило, макс, 2+1).
- Јуниор апартмани (55 м², една спална со дупли кревет, софа, едно купатило, макс. 2+1).
- Фамилијарни соби (44 м², две соби одвоени со завеса – во едната има дупли кревет, а во другата две софи, едно купатило, макс. 2+2)
- Поврзани соби
Сите соби имаат сеф, приватно купатило со фен, сет за кафе и чај, сателитски ТВ, телефон и минибар (со доплата).

Услуга
Сѐ вклучено шведска маса за појадок, ручек и вечера, ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци во чаша од 10:00 до 00:00, кафе, чај и колачи. Со доплата: пијалоци и храна од мини бар, свежи овошни сокови, флаширани пијалоци, увозни пијалоци. Хотелот има повеќе барови и À la carte ресторани со доплата и претходна резервација.

Содржини
Хотелот има 3 базени, само еден се загрева во текот на зимата. Базен, клуб и игралиште за деца, аеробик, одбојка, билијард, пинг понг, забавни програми. Со доплата: финтес центар, спа центра, сауна, масажа и останати услуги, фризер и салон за убавина, тениско игралиште, перална, доктор, нуркање, сурфање и катамаран, здравствени услуги, продавници, изнајмување кола, спортови на вода и аква парк.

Плажа
Приватна хотелска плажа, хотелот е на втора линија. Плажата е песочна со корален гребен кој нуди можности за нуркање. Лежалки и крпи се бесплатно.

Внимание
Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.
Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.
Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца