Labranda Royal Makadi

1. Egipet
2. Crveno more
3. Makadi Bay
• Labranda Royal Makadi
• 42 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Labranda Royal Makadi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Се наоѓа во заливот Макади, 35 км од центарот на Хургада и 30 км од аеродромот.

• Сместување

Вкупно 505 соби, сместени во две главни двокатни згради и десет бунгалови.

• Стандардни соби (24 м², дупли кревет или два еднинечни кревета, едно купатило, макс.2+1).
• Фамилијарни соби (30 м², еден дупли и еден единечен кревет, едно купатило, мак.3+1).
• Бунгалови (32 м², на плажа, директен поглед на море, дупли кревет, едно купатило, макс. 2 лица).

Сите соби имаат клима уред, сателитска ТВ, LCD телевизор, сеф, фен, електричен бокал, Wi-Fi интернет, балкон/тераса. Собите имаат страничен поглед на море, градина или базен, бунгаловите имаат директен поглед на море.

• Услуга

Сѐ вклучено шведска маса за појадок, ручек и вечера, закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, закуски во текот на денот и навечер, барови низ хотелскиот комплекс, À la carte ресторани се со претходна резервација (некои се со доплата). Со доплата се телефон, собна услуга, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, наргиле, Coco Bar.

• Содржини

Покрај главните ресторани и рестораните на плажа, хотелот нуди и неколку À la carte ресторани - Il Rondo (италијанска кујна), Taverna Paros (грчка кујна), Pequena Habana (кубанска кујна), Yum Asian Kitchen & Bar (азиска кујна) и Рокенрол Бургер Куќа. Во понуда се и неколку барови - Golden Sun Bar, Tropicana Pool Bar, Terrace Bar, Rock Pool Bar. Паркинг, лимузина, превоз до град, сервис за перење и пеглање, салон за убавина, фризер, продавници (накит, облека, сувенири), доктор, Спа и велнес, сауна. Се плаќа: парна бања, масажи, турски амам, простории за третмани.

• Плажа

Хотелот има сопствена плажа, помал дел е со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а најголемиот дел е плитка водена зона. Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори за сонце бесплатно. Со картичката се доставуваат крпи (губењето на картичката хотелот ќе го наплати).

• Спорт и забава

Хотелот нуди три базени (еден се загрева во текот на зимската сезона), еден детски базен, пинг понг, билијард, анимации, фитнес, одбојка на плажа, куглање, две тениски игралишта, теретана, базен за релаксација. Со доплата се спортови на вода, јавање коњи. За деца мини клуб и игралишта.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација