Albatros Beach Club
- Egipet
- Crveno more
- Safaga

- 34 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Albatros Beach Club

Положба
Хотелот се наоѓа во заливот Сома, на околу 5 км од ага, и околу 45 км од аеродромот во Хургада. Хотелот е отворен во 2021 (ex Amwaj Blue Beach Resort & Spa).

Сместување
Вкупно 377 соби.
- Стандардни соби (30 м², една сплана, купатило, макс.2+1).
- Фамилијарни соби (60 м², две посебни спални соби, едно купатило, макс. 2+2).
Сите соби имаат поглед кон море или градина, приватно купатило, фен, сателитска ТВ, мини бар, сеф, телефон, балкон или тераса.

Услуга
All Inclusive шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, зауски во текот на денот, вечера, доцна вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци и коктели до полноќ, палачинки, сладолед, кафе, чај. Со доплата се сите увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, пијалоци после полноќ, пијалоци од шише и лименка, услуга во соба, наргиле, À la carte ресторани, и сѐ што не наведено во концептот.

Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс. Со доплата се доктор, фризер, телефон, факс, продавници, изнајмување кола, сѐ што не наведено во концептот.WiFi е бесплатен во лоби.

Плажа
Хотелска приватна плажа долга околу 180м. Поголем дел е зона со плитка вода, а мал дел е со корален гребен. Лежалки, крпи за на плажа (со картичка) и чадори за сонце се бесплатни.

Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, одбојка на плажа, тенис, теретана, пинг понг, пикадо, ватерполо. Со доплата се спортови на вода, нуркање, билијард, осветлување за тениски терен, опрема за тенис, третмани и масажи во СПА центарот и сѐ што не наведено во концептот. Дневни забавни програми за возрасни и деца, шоу програми навечер, мини клуб за деца (4-11), детско игралиште.

Внимание
Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.
Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.
Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца