Amarina Abu Soma Resort & Aquapark
- Egipet
- Crveno more
- Safaga

- 66 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Amarina Abu Soma Resort & Aquapark

Положба
Хотелот се наоѓа во заливот Сома, на околу 52 км од Хургада и аеродромот во Хургада, на околу 8 км од центарот на Сафага.

Сместување
Вкупно 392 соби и сите имаат клима уред, сателитска LCD телевизор, сеф, сет за чај и кафе, Wi-Fi интернет со ограничена брзина, фен, балкон или тераса.
- Стандардни соби се со големина од 30-35 м², собите имаат еден брачен или два единечни кревети.
- Фамилијарните соби се со големина од 32-36 м², имаат 2 посебни соби со брачен кревет во едната и два единечни кревети во другата.
Се плаќа: телефон, услуга во соба, минибар.

Услуга
Сѐ вклучено ран појадок, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења по хотелски правила). Покрај главниот ресторан, хотелот нуди и два À la Carte ресторани - Zeina (ориентална кујна) и Luca Toni (италијанска кујна) и наскоро азиски и интернационален ресторан. На гостите им се достапни и неколку барови - Turquoise, Tropicana Bar, Aqua Fun, Sea Shark, Caribbean Bar, Pirates Bar, London Pub и Sky Lounge. Концептот вклучува сладолед, палачинки, грицки, кафе, чај и колачи, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сите пијалоци во периодот 00:00-10:00 часот, наргиле и се останато што е надвор од концептот.

Содржини
Отворен во август 2019 година, хотелот нуди 392 соби во неколку згради со 3 до 5 ката. На гостите им се на располагање пет базени (вкупна површина од околу 2.300 м²), неколку À la Carte ресторани и барови. Хотелот се препорачува за гости од сите возрасти, семејства со деца како и за љубители на водени спортови. Лифт е достапен само во некои од зградите. За деца има мини клуб (3-6 години), детски клуб (7-12 години), тинејџерски клуб (13-17 години), мини диско, базен, анимација и спортски активности. Други содржини со доплата: Фризер, банкомат, бутик, фотограф, аптека, лекар, перална.

Плажа
Прекрасна песочна плажа долга 200 метри, каде помал дел е со корален гребен, а еден дел е простор за капење со плитка вода. Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори за сонце со доплата.

Спорт и забава
Хотелот располага со 5 базени со посебен простор за деца и бебиња, 7 лизгалки и детски базен со мини аква парк, билијард, стрелаштво, теретана, пинг-понг, одбојка, две тениски игралишта, Wi Fi интернет, разни анимации, како и изведби во текот на вечерта. Има и дел со библиотека. Со доплата: осветлување на тениски терени и тениска опрема, спортови на вода, нуркање и се друго надвор од концепт. Спа и велнес центар со доплата.

Внимание
Домашни миленици не се дозволени. Во сите ресторани има задолжителен кодекс за облекување. Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење на пијалоци од мини барот, некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, исхрана и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот на рецепција. Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за локацијата на собата, на кој кат е собата, големината на креветите, софите, фотелјите или помошното легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца