Aydinbey Gold Dream Hotel

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Alanija
  • Aydinbey Gold Dream Hotel
  • 74 слики
  • Во близина на плажа
  • Аква парк
  • Поволни цени
  • Затворен и отворен базен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Дете до 12,99 - бесплатно сместување
  • Фамилијарни
  • Плажа со камчиња
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Aydinbey Gold Dream Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Турклер на 25км во Аланија и 110км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 345 соби во 2 блока.

    Стандардни соби (22 м², 1 спална со француски кревет, еден единечен кревет, и 1 купатило, макс.2+1 лица),

    фамилијарни соби во бунгалови (44 м², 2 спални соби одвоени со врата, 1 купатило, макс.4 лица)

    3 соби за лица со попреченост.

    Сите соби се опремени со приватно купатило со туш и фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (се дополнува само со вода и минерална вода секој ден), сеф, електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, балкон.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено  – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска закуска и попладневен чај, кафе, торти, полноќни закуски и ран појадок, локални алкохолни и безалкохолни пиајлоци од 10:00 – 16:00 часот, некои увозни алкохолни пијалоци, À la Carte ресторан бесплатно еднаш за време на престојот, пијалоци во диско до 00:00.

    Не е вклучено: увозни пијалоци што не се предвидени со концептот ултра сѐ вклучено, премиум пијалоци и специјални вина, сите флаширани пиајлоци, свежо цедени сокови, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани – италијански, рибен и скара, лоби бар, бар покрај базен и на плажа.

    Доктор на барање, перална, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет е бесплатен во заедничките области на хотелот.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со камчиња. Лежалки на плажа и чадори за сонце се бесплатни. Крпи за плажа се со депозит. (Има подземен тунел кој води до плажата).

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, 4 водни тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа.

    Се доплаќа: спортови на вода, билјард, салони за убавина, масажа и Спа. Дневни и вечерни програми, шоу,

    Мини клуб за деца од 04 -12 год., мини диско навечер.

    Хотелот е реновиран 2021

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација