Club Hotel Anjeliq

• Club Hotel Anjeliq
• 35 слики

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Club Hotel Anjeliq

• Положба

Хотелот се наоѓа во Конакли на 7 km од Аланија и 110 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 450 соби во една главна зграда и 8 анексни згради (има лифт само во главната зграда).

Стандардни соби во главната зграда (24 m², една спална соба со брачен кревет и фотелја на извлекување и едно купатило, макс. 2 + 2 деца).

Фамилијарни соби во главната зграда (35 m², две соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

Клуб стандардни соби (24 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2 + 2 лица).

Клуб Фамилијарни соби (35 m², две одвоени спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).

Клуб џакузи (20 m², една спална соба, едно купатило, џакузи на голема тераса, макс. 2 лица).

Романтичен апартман (20 m², една спална соба, едно купатило и џакузи на тераса, макс. 2 лица).

Клуб стандардна party соба (24 m², една спална соба со дел за седење, едно купатило, макс. 2 лица).

Сите соби се модерно опремени со приватно купатило со туш, фен за коса, клима уред, телефон, мини бар (вода по пристигнување), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, керамички или ламинантен под и балкон или тераса.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во барот на плажа, вечера, закуски доцна во ноќта, детска и диететска храна во главниот ресторан, локални алкохолни и безалкохолни пијалци од 10.00 - 02.00 часот, бар за закуски на плажа од 11.00 - 16.00 часот.

Не се вклучени: сите увозни пијалци, ресторанот À la Carte со претходна резервација и со доплата, сите флаширани пијалци и лименки, енергетски пијалци, турско кафе, услуга во соба, свежо цедени сокови, наргиле, пијалци во диско клубот.

• Содржини

Главни ресторани со шведска маса, ресторан À la Carte со медитеранска и турска кујна, лоби бар, барови покрај базен, на плажа, бар за закуски, диско-бар.

Не се вклучени: Доктор, перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, изнајмување кола.

WI - FI Интернет се доплаќа во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња на 150 m од хотелот.

Лежалки и чадори за сонце се бесплатни.

Крпи за на плажа се достапни со доплата. Има тунел под патот.

• Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг-понг.

Со доплата: спортови на вода, турска бања, сауна, парна соба, СПА центар, билијард и компјутерски игри.

Забавни програми со професионален тим во текот на денот, во вечерните часови шоу програми, музика во живо и кино.

Мини клуб за деца од 4 - 11 години, со специјални програми, мини диско и разни натпревари.

Хотелот е реновиран во 2018 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација