Granada Luxury Okurcalar

1. Turcija
2. Antalija
3. Alanija
• Granada Luxury Okurcalar
• 54 слики
• Наша препорака
• Песочна плажа
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Поволни цени
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• Фамилијарни
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Granada Luxury Okurcalar

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Окурчалар на 30км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 598 соби во една главна 10-катна зграда.

• Стандардни соби (26-36 м², една спална со француски кревет + еден единечен кревет и едно купатило, макс. 2+2 лица),
• Фамилијарни дуплекс соби со поглед на копно (65-75 м², дуплекс, горниот кат со француски кревет, приземје со два единечни кревети, не се разделени со врата, две купатила, макс. 4 лица).
• Фамилијарни соби со поглед на море (50 м², две спални разделени со врата, едно купатило, макс. 2+2 лица).

Сите соби се модерно опремени со едно купатило со када, туш, бањарка, влечки, фен, систем за централно греење, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво, соленки и вафли секој ден), сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, интернет, влечки, под со ламинат и балкон или тераса.

• Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски наутро и попладне, сладолед, торти, детско бифе, диетално и вегетеријанско бифе, вечера, доцна навечер закуски, свежо цедени сокови само за појадок, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: сите луксузни и стари специјални пијалоци, увозни пијалоци кои не се на менито, услуга во соба. À la Carte ресторани со резервации со претходна резервација и доплата, свежо цедени сокови, витамин бар, сите флаширани пијалоци, наргиле.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – медитранско мени – морска храна, италијанска, кујна од Далечниот Исток, грил хаус, турска кујна, лоби бар отворен 24 часа, барови покрај базенот, на плажа, бар за ужина. Диско бар, витамин бар. Доктор, чување деца, перална и хемиско, телефон, факс, интернет место, фризер, шопинг центар, изнајмување кола. Интернетот е бесплатен во главните простори и во собите.

• Плажа

Хотелската плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце, крпи и душеци. Павилјоните на плажа се со доплата и претходна резервација.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тенис игралиште, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, спа и велнес, куглање, билијард, осветлување за тениските терени и играчница. Забавни програми со со професионален тим во текот на денот, навечер шоу програми, жива музика, кино. Гренди детски клуб за деца од 4 до 12 години со специјални програми, мини диско, различни натпревари.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација