My Home Resort

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Alanija
  • My Home Resort
  • 34 слики
  • Затворен и отворен базен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Дете до 12,99 - бесплатно сместување
  • Песочно-камчеста плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо My Home Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Инчекум, Авсалар на 22 км од Аланија и на 90 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 575 соби во 4 блока.

    Стандарни соби (25 м², спална со брачен кревет + еден единечен кревет, купатило, макс.2+1 лица).

    Фамилијарни соби (45 м², дневна соба со два единечни кревети и софа, одвоена со врата од спална соба со брачен кревет, купатило, макс 4+1 лица)

    4 соби за лица со попреченост.

    Сите соби се со купатило со туш, фен, сплит клима систем, телефон, мини бар (сокови само по пристигнувањето, потоа со вода се дополнува секој ден), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, балкон.

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски, ручек, колачи и кафе попладне, вечера, закуски доцна навечер. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00 часот. À la Carte ресторан со претходна резервација, бар на плажа за закуски, сокови и пиво помеѓу 10.00-18.00 ч.

    Не се вклучени: увозни пијалоци, сите пијалоци после 24:00 ч, сите пијалоци во шише и лименка, пијалоци во диско клубот, свежо цедени сокови, турско кафе, сладолед.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторан со турска кујна, лоби бар, барови покрај базенот и на плажа.

    Доктор, перење алишта, хемиско чистење, чување деца, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен.

  • Плажа

    Приватна песочна плажа со камчиња на 250 м од хотелот. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Крпите се со депозит. Има подземен премин до плажа.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес, турска бања, сауна, парна бања, пинг- понг, одбојка на плажа бесплатно. Масажа, салон за убавина, сите спортови на вода, играчница се со доплата.

    Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца 4-11 г. со анимација, детско игралиште, мини диско во вечерните часови.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација