NoxInn Deluxe Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Alanija
• NoxInn Deluxe Hotel
• 43 слики
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Наша препорака
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо NoxInn Deluxe Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Конакли на 12км од Аланија и 120км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 497 соби.

• Стандардни соби (30-36m², една спална со еден француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 3+1 лице),
• Економски соби (25m², една спална соба, едно купатило, француски балкон, макс.2+1 лице),
• Фамилијарни големи соби (55m², една поголема спална соба со еден француски кревет + единечен кревет и една фотелја на пуштање, едно купатило, макс. 4 лица),
• Фамилијарни соби поврзани со врата (65m², две одвоени спални соби, две купатила, макс. 4+1 лице),
• Terrace rooms ( 46m², поглед на море, една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица),
• Анекс стандардни соби (30m², лоцирани во градината на хотелот, една спална соба, едно купатило, макс. 3+1 лице).

Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и сокови при пристигнување, потоа се дополнува само со вода), сеф, електирчен бокал, сателитска ТВ и музички канали, ламинантен под и балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и ноќна ужина. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, некои увозни пијалоци од менито од 10.00 -02.00 часот, сладолед во определени часови, ресторан на плажа со ужина од 10.00-18.00 часот. Премиум увозни пијалоци, увозни пијалоци кои не се на мени листата флаширани пијалоци, услуга во соба, свежо цедени сокови, специјални вина, À la Carte ресторани со претходна резервација дополнително се наплаќаат .

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - турска кујна, морска храна, италијанска кујна, ресторан од Далечен исток, Мексикански ресторан, барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, перална, хемиско чистење, фризер, чување дете, телефон, интернет кафе, изнајмување кола се со доплата. Wi Fi интернет е без доплата.

• Плажа

Хотелска плажа со песок и со карпи (дел од плажата е исчистена од карпи). Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Надворешен и внатрешен базен за деца и возрасни, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика. Со доплата: спортови на вода, масажа, СПА центар, компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и на плажа, вечерни забавни програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште за деца, мини Диско во вечерните часови.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација