Senza Grand Santana
Alanija, Turcija
Види цени
Види цени
За Senza Grand Santana
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Махмутлар, 135 км од аеродромот во Анталија и 7 км од центарот на Аланија.
-
Сместување
Вкупно 307 соби.
Стандардни соби (24 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Големи соби (26-28 м², еден француски кревет и два единечни кревета, едно купатило, макс. 2+2).
Фамилијарни апартмани со две спални соби (32-34 м², две спални соби одвоени со врата, една спална со брачен кревет, другата спална соба со два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, подоцна се дополнува само со вода), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, плочки на подот, балкон.
-
Услуга
Ултра сѐ вклучено -24 часовна услуга за храна и пијалоци - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, колачи, чај и кафе во попладневните часови, вечера, полноќна закуска, закуски во текот на ноќта, ран појадок.
Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, и некои увозни пијалоци (текила, вермут, ликер, рум, локално виски) од 10:00 до 24.00 часот (навечер само сокови од бистро барот), бар со ужина и безалкохолни пијалоци на плажа до 18:00 часот, À la Carte ресторан со резервација направена два дена претходно и еднаш за време на престојот.
Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на мени листата, свежо цедени сокови, сладолед, флаширани пијалоци, услуга во соба, турско кафе, коктели, сите пијалоци во диско клубот.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, еден рибен À la Carte ресторан, барови на плажа и покрај базенот.
Доктор на барање, фризер, перење, телефон, факс, интернет и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. Wi-Fi интернет се наплаќа.
-
Плажа
Хотелска плажа со песок и камчиња (има тунел под патот). Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа не се наплаќаат.
-
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни (затворен во летиот период) базени со посебен дел за деца, тобоган, пинг понг, фитнес центар, одбојка на плажа, турска бања.
Спортови на вода, сауна, парна соба, масажа дополнително се наплаќаат. Мини клуб за деца од 4-12 год. и детско игралиште.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.