Xoria Deluxe

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Alanija
  • Xoria Deluxe
  • 78 слики
  • Бесплатно WiFi
  • Затворен и отворен базен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Дете до 12,99 - бесплатно сместување
  • 2 деца бесплатно
  • Песочно-камчеста плажа
  • Теретана

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Xoria Deluxe

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Конакли, на 15 км од Аланија и 11 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 332 соби во два блока. Блок А е главната зграда, а Блок В е зад главната зграда и има само стандардни соби.

    Стандардни соби ROH (28 м², лоцирани во двата блока, една спална со дупли кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2 +1 лица).

    Големи стандардни соби (32 м², една спална со француски кревет и еден единечен кревет, една софа, едно купатило, макс. 4 лица).

    Фамилијарни дуплекси (56 м², една спална со дупли кревет на горниот кат, и два единечни кревета на долниот кат, две купатила, макс. 4 лица).

    Делукс апартман (57 м², една спална, една дневна соба со дел за седење, купатило, џакузи, макс. 4 лица).

    Апартмани (50 м², една спална со дупли кревет, дел за седење, едно купатило, макс. 2 лица).

    Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци на пристигнување, потоа се полни само со вода), сеф, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

  • Услуга

    Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски, попладне кафе, вечера, полноќна супа, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредено време во денот, À la carte ресторан со претходна резервација (мин.2 дена претходно) и еднаш за време на престој, ресторан на плажа од 10.00 до 18.00 часот со безалкохолни пијалоци и пиво. Само еден бар служи безалкохолни пијалоци по 02:00 часот.

    Не е вклучено премиум и увозни пијалоци кои што не се на менито, сите флаширани пијалоци, коктели, свежо цедени сокови, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (турска и медитеранска кујна), бар во лоби, покрај базен и на плажа, слаткарница, диско бар.

    Со доплата се доктор, перење и хемиско чистење, факс, телефон, фотокопирање, фризер, продавници, изнајмување кола. Wi-Fi интернетот е бесплатен.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. Има подземен премин од хотелот до плажата.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, две водни лизгалици, пинг понг, одбојка на плажа, турска бања, сауна, парна соба.

    Со доплата се масажа, спортови на вода, СПА и центар за убавина, билијард, играчница.

    Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер со професионален тим. Мини клуб за деца 4-12 години, игралиште, мини диско навечер.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Локација