Belconti Resort Hotel

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Belek
  • Belconti Resort Hotel
  • 28 слики
  • Опкружен со зеленило
  • Дете до 12,99 - бесплатно сместување
  • 2 деца бесплатно
  • На плажа
  • Теретана и СПА
  • Наша препорака
  • Песочна плажа
  • Аква парк
  • Бесплатно WiFi
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Фамилијарни

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Belconti Resort Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Белек на 30 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 596 соби во главната зграда, Вила апартмани и 10 клуб згради.

    Стандардни соби (30-35 м², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, купатило, макс. 2+2 лица).

    Club соби (30 м², лоцирани во градината во двокатни и трокатни објекти, една спална со француски кревет + единечен кревет, мермерен под, макс.2+1лице).

    Фамилијарни соби со две спални (50 м², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица).

    Делукс соби (40-45 м², една спална соба, едно купатило, сет за кафе и чај, макс.2+1 лице).

    Deluxe Honeymoon room  (45 м², една спална соба со округли кревет и џакузи во соба, едно купатило, макс.2 лица, и некои соби се со нормален француски кревет).

    Кралски апартман (85 м², две спални соби, една дневна соба, две купатила, еднато со џакузи, сет за кафе и чај, макс.3+2 лица).

    Deluxe Villa Apart type A (84 м², две спални соби одвоени со врата, една дневна соба со американска кујна, две купатила - едното е со џакузи, на долниот кат џакузи на балкон, макс.4+1лице).

    Deluxe Villa Apart type B (65 м², една сплана соба одвоена со врата од дневната соба, американска кујна, едно купатило, макс 3+1 лице, на долниот кат има џакузи на балкон).

    Сите соби се со посебни купатила со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, теписони на подот (во соби од главната и анекс зградата) и керамички под во клуб собите, минибар (секој ден се дополнува со вода , сокови и пиво), сеф, сателитска ТВ со музички канали, балкон, Интернет конекцијата е бесплатна.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, кафе, чај,  вечера, ужина во ноќните часови, дел за детска и бебешка храна, диететско катче.

    Сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите, сладолед и пуканки во одредено време, свежо цеден сок само за појадок.

    Не се вклучени: специјални увезени пијалоци, шампањ, флаширани пијалоци, специјални локални и увозни вина, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, услуга во соба.

  • Содржини

    Надворешен и внатрешен ресторан – шведска маса, À la Carte ресторани: турска кујна, италијанска кујна (не е дозволен за деца под 7 години), ресторан за морска храна, скара, барови околу хотелскиот компекс, снек бар и ресторан покрај базенот.

    Доктор, чување деца, пеглање и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет кафе, продавници, изнајмување кола, компјутерски игри дополнително се наплатуваат. Интернет конекцијата во целиот хотел е бесплатна.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа не се наплатуваат. Приватни павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг понг, кошарка, одбојка, мини-голф, одбојка на плажа не се наплатуваат.

    Велнес центар, масажа, спортови на вода, осветлување за тениски игралишта, опрема и часови за тенис, билијард, куглање, компјутерски игри дополнително се наплатуваат.

    Забавни програми во групи, дневни натпревари, и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4 до 11 години и клуб за деца од 12 до 16 год.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Локација