Bellis Deluxe Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Bellis Deluxe Hotel
• 40 слики
• Песочна плажа
• Голем воден парк
• Бесплатно WiFi на јавни површини
• Анимација
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• За деца
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Bellis Deluxe Hotel

• Положба

Хотелот се наоѓа во Белек на 5 km од најблиската населба во Белек и 32 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 557 соби. Собите во главната зграда се на 160 м од плажа.

Стандардни соби (25 m², главна зграда, една спална, едно купатило, макс. 2+1 лице).

Јуниор апартман (35 m², главна зграда, една спална со дел за седење со софа, едно купатило, макс. 3+1 лице).

Фамилијарни соби (45 m², во главна зграда, две посебни спални соби одвоени со ходник, едно купатило, макс.4 лица).

Camelia соби се во повеќе ниски згради на 120 м од плажа.

Camelia соби во градина (22 m², во градината, една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, макс. 2+1 лице).

Camelia Супериор фамилијарни соби
на 50 m од плажата (50 m², две посебни спални соби, во едната соба има француски кревет, во другата има еден единечен кревет + една софа, едно купатило, макс.4 лица).

Mimoza соби во градина (35 m², во градината позади главната зграда, во бунгалови, една спална со француски кревет и софа, едно купатило, макс. 3+1 лице).

Jasmine Lake Houses се лоцирани во градината и околу сопствен базен на 280 m од плажа.

Jasmine со поглед на базен (42 m², лоцирани на втор или трет кат, една спална соба, едно купатило, макс. 3+1 лице).

Jasmine Лагуна фамилијарна соба (84 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, директен пристап до базен, макс.4 лица).

Jasmine Лагуна соби (42 m², на приземје, една спална соба, едно купатило, директен пристап до базен, макс.3+1 лице).

Вила  Bells и  вила  Diamond (200 m², три спални соби со купатила, дневна соба, тераса со директен пристап до базен).

Сите соби се со сопствено купатило со када, туш, фен, бањарка, влечки, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, минерална вода,  сокови, пива се дополнува секојдневно), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска LED ТВ и музички канали, балкон или тераса.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок,  ручек, попладне закуски,  кафе, колачи, чај, вечера, полноќни закуски, диететско бифе и детско катче, сите локални и широк избор на увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, слаткарница.

Не се вклучени: луксузни пијалоци, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, флаширани пијалоци, лименки, свежо цедени сокови, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Kalamata (медитеранска и грчка кујна), Gusto (италијанскa кујна), Steak House, Ikebana Sushi House (кујна од Далечниот исток), Diamond VIP lounge, Begonvil (интернационална кујна), слаткарница, барови низ хотелскиот комплекс.

Не се вклучени: Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, фризер, продавници, изнајмување кола.

Wi - Fi интернет на јавните површини е бесплатен.

• Плажа

Хотелска песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори и крпи за на плажа.

Павилјоните се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени, аква парк со тобогани за возрасни и за деца, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, тениски терени, гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг, мини голф.

Со доплата: спортови на вода, масажа, СПА & Wellness центар, осветлување на тениски терени, часови за тенис, клуб за јавање коњи, голф, билијард, компјутерски игри.

Забавни програми во текот на денот, вечерни шоу програми, неколку дена во неделата има жива музика. Внатрешно кино и кино на отворено. Специјална програма во мини клуб за деца од 4-12 години, јуниор клуб 12-16 години, ЗОО. Има и специјални содржини за бебиња.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација