Crystal Family
- Turcija
- Antalija
- Belek
-
-
-
-
-
- 57 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Crystal Family
-
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот на Богазкент, 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на Анталија.
-
Сместување
Вкупно 372 соби во четири хотелски згради на 5 ката.
Стандардни соби (27 м², една спална со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 3 лица).
Стандардни соби со кревети на спрат (27 м², една спална со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 2 возрасни и 2 деца).
Фамилијарни соби (40 м², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Фамилијарни соби со кревети на спрат (40 м², две спални соби - едната со француски кревет, еден единечен кревет, а во едната спална кревети на спрат за деца, едно купатило, макс. 3 возрасни и 2 деца).
Јуниор апартмани (58 м², една дневна соба, една спална, едно купатило со џакузи, макс. 2 лица). Сите соби се со купатило, туш кабина, фен, влечки, клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци), сет за чај и кафе, сеф, тепих на подот, сателитска ТВ со музички канали, WI-FI интернет конекција и балкон.
-
Услуга
Ultimate Сѐ вклучено - 24 часа храна и пијалоци. Tрадиционален турски пијалок - шербет за добредојде и освежителни марамчиња, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, диететско бифе, дел за подготовка на бебешка храна, специјално детско бифе, вегетаријанска храна, безглутенски леб и други производи, снек ресторан во текот на денот, попладне торти и колачи, кафе и чај, сладолед во определени часови од денот, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. À la carte ресторани со турска, италијанска и мексиканска, снек бар на плажа од 10.00-18.00 часот, храна во вечерните часови со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Не се вклучени премиум пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, пијалоци во лименка, услуга во соба, свежо цедени сокови, рибниот À la carte ресторан, сите вина, шампањ и специјални порачки во À la carte рестораните (освен наливно / трпезно вино).
-
Содржини
Главен ресторан – шведска маса, À la Carte ресторани со турска, италијанска, мексиканска кујна и рибен ресторан, седум барови во целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет ќоше, компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет во целиот хотел е бесплатен.
-
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и ситни камчиња плажа. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни, а крпи за на плажа со депозит. Со доплата и претходна резервација се павилјоните на плажа.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени базени за деца и возрасни, лизгалки, тениско игралиште, одбојка на плажа, мини голф, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања се бесплатни. Со доплата СПА центар и центар за убавина, спортови на вода, осветлување на тениски игралишта, куглање, билијард и играчница, професионално фудбалско игралиште.
Забавни програми со специјален тим во текот на денот и забавни програми во вечерните часови, кино. Мини клуб за деца од 4-12 години и јуниор клуб за деца од 13 до 17 години во текот на денот и мини диско во вечерните часови.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа