Crystal Paraiso Verde

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Belek
  • Crystal Paraiso Verde
  • 105 слики
  • Аква парк
  • Затворен и отворен базен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • За деца
  • Фамилијарни
  • Дете до 11,99 - бесплатно сместување
  • 2 деца бесплатно
  • Песочно-камчеста плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Crystal Paraiso Verde

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во регионот Богазкент, 40км од аеродромот во Анталија и 25 км од Белек.

  • Сместување

    Вкупно 670  соби во осум блока на пет ката и три блока на два ката.

    Стандардни соби со поглед на градина (26 м², една спална со француски кревет и еден единечен кревет или софа, едно купатило, макс. 2+1лице).

    Стандардна соба со кревети на спрат и поглед на градина(26 м², една спална соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица, собите се на приземје).

    Фамилијарни соби со поглед на градина  (42 м², две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс.5 лица).

    Апартмани (44 м², една дневна соба, една спална соба, едно купатило со џакузи, соби со поглед на море, макс. 2 лица).

    Сите соби се со купатило, туш кабина, фен, влечки, клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и  безалкохолни пијалоци), сет за чај и кафе, сеф, плочки или ламинат на подот, сателитска ТВ со музички канали, WI-FI интернет конекција и балкон.

  • Услуга

    Ultimate Сѐ вклучено - 24 часа храна и пијалоци. Шведска маса за појадок, продожен  појадок, утрински закуски, ручек, бар со закуски на плажа, чај, кафе, торти и колачи во попладневните часови, сладолед во определени часови, вечера, полноќни закуски, детско бифе, вегетаријанска храна, производи без глутен, детокс бар, À la Carte ресторани (турски и италијански), со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар со закуски на плажа од 10.00 - 17.00 часот, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци.

    Не се вклучени премиум пијалоци, специјални вина, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, луксузни егзотични пијалоци, услуга во соба, À la carte рибен ресторан, сите вина, шампањ и специјални нарачки во À la carte рестораните (со исклучок на наливно / трпезно вино).

  • Содржини

    Главен ресторан со тераса, À la Carte ресторани со турска кујна, рибен ресторан, италијански ресторан, барови во хотелскиот комплекс. Со доплата: доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет конекција во соба, продавници, изнајмување кола, интернет ќоше, компјутерски игри. WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со песок и ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи  за на плажа не се наплатуваат. Со доплата и претходна резервација се павилјоните на плажа.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени бззени, лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, тениско игралиште, мини голф, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата осветлување на тениски игралишта, спортови на вода, масажа, салон за убавина, куглање, билијард и играчница.

    Забавни програми во текот на денот покрај базен и шоу програми во вечерните часови, кино. За деца мини клуб од 04-16 години со дневни анимации и мини диско во вечерните часови.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација