Crystal Waterworld

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Crystal Waterworld
• 81 слики
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Crystal Waterworld

• Положба

Хотелот се наоѓа во Богазкент на 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 1023 соби во главна хотелска зграда (9 блока на 5 ката и 4 блока на 3 ката) и 2 Анекс блока на 5 ката.

Стандардни  соби (27 м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс. 3 лица).

Стандардни соби со тераса ( 23 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),

Фамилијарни соби (33 м², две спални одвоени со врата – во едната спална има француски кревет, а во другата кревети на спрат или два единечни кревети, едно купатило, макс. 3+2 лица),

Апартман за меден месец (23 м², со страничен поглед на море, една спална, едно купатило, џакузи на широка тераса со лежалки, макс.2 лица),

Апартмани (50 м², со страничен поглед на море, една спална, една дневна соба, едно купатило, голема тераса со џакузи, макс. 2 лица).

Сите соби се со купатило со туш кабина и фен, влечки, клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци секој ден), сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под или плочки на подот, TV со сателитски програми и музички канали, WI-FI интернет, балкон.

• Услуга

Ultimate Сѐ вклучено - 24 часовна услуга на храна и пијалоци. За добродојде се служи традиционален турски пијалок шербет и освежителни крпи, појадок, продолжен појадок, ручек и вечера, диететско бифе, вегетаријанско бифе и детокс бар, безглутенски леб и ужинки, специјално детско бифе, дел за подготвување храна за бебиња, ресторани со закуски во текот на денот, навечер À la Carte ресторани со турска, италијанска кујна и азиска кујна со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, сладолед во определени часови, попладне торта, чај и кафе, барови во хотелскиот комплекс, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, Crystal Cryspy Kids ресторан.

Не се вклучени: премиум алкохолни пијалоци, интернационални и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, енергетски и флаширани пијалоци, À la Carte ресторани (Far East, Steak House, Fish restaurant), сите вина, шампањи и специјални нарачки во À la Carte ресторанот ( освен наливно вино)

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани: Meyhane (турски), Italian À la Carte (италијански), Dragon (Далечен Исток), Caretta (морска храна), Steak House со претходна резервација, барови во хотелскиот комплекс.

Со доплата се: доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет корнер и компјутерски игри, изнајмување кола.

• Плажа

Приватна песочна плажа.

Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк за возрасни и деца, уште еден аква парк во анекс делот, тениски терени, одбојка на плажа, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, џакузи се бесплатни.

Со доплата: спортови на вода, СПА центар за здравје и убавина, СПА базен, масажа, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, куглање, билијард и компјутерски игри.

Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални вечерни програми, кино. За деца Crispy Kids World мини клуб за деца од 4-12 години, клуб за деца од 13-16 години се на располагање во текот на денот и мини диско во вечерните часови.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација