Ela Quality Resort Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Ela Quality Resort Hotel
• 92 слики
• Опкружен со зеленило
• Луксузен
• За деца
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• 2 деца бесплатно
• На плажа
• Теретана и СПА
• Наша препорака
• Песочна плажа
• Аква парк
• Анимација
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Ela Quality Resort Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Белек, 35км од аеродромот и 45км од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 583 соби.

• Супериор Соби: во главна зграда, 35-45м²; купатило со када, фен, централна клима, телефон, мини бар, сеф, безжична интернет конекција, LCD TV, тепих на под, балкон, поглед на море или градина, макс. 2+1 лице.
• Делукс Супериор Соби со Поглед на Море: 45м², една спална, едно купатило, макс. 2+2 лица.
• Фамилијарни Дуплекс Соби: главна зграда, 65-75м²; прв кат - спална со единечни кревети и купатило, на втор кат - една спална соба со француски кревет, купатило, нема врата меѓу катови, макс. 4 лица.
• Супериор Соби со Поглед на Море со Џакузи: главна зграда, 38-44м², една спална соба, купатило со џакузи, макс.2+1 дете.
• Езерски Куќи: лоцирани во градината, 28-36м², собите се на првиот или вториот кат, со една спална и купатило, гледаат во градината или базенот, макс 2+1 дете.
• Езерски Куќи со Директен Пристап на Базен: 28-36м², лоцирани на приземје од вилите, со директен пристап на базен, една спална и купатило, макс.2+1 дете.
• Фамилијарни Соби во Езерските Куќи: 60-72м², собите се на првиот или вториот кат, две поврзани соби со две купатила, поглед на градина или на базен, макс. 4+1 дете.
• Езерски Куќи со Апартмани: 96м², лоцирани на приземје или прв кат. Апартманите на приземје имаат една дневна и една спална , апартманите на прв кат се со две спални соби и едно купатило, макс. 4 лица.
• Апартман за Меден Месец: главна зграда 38-44м², една спална соба и купатило со џакузи, макс. 2 лица.
• Ресорт Апартман: главна зграда 96м², дневна соба, спална и купатило со џакузи, макс 4+1 дете.
• Делукс Апартман: главна зграда 105м², една дневна и една спална соба, купатило со џакузи, макс. 4+1 дете.
• Супериор Апартман: во главна зграда, дуплекс, 142м², дневна соба на првиот кат и спална со џакузи на терасата на вториот кат, макс.4+1 дете.
• Премиер Апартман: главна зграда, дуплекс, 189-233м², дневна и спална на првиот кат, на вториот кат главна спална соба со голема тераса и џакузи на терасата, макс 4+1 дете.
• Ela Prestige Апартман: (375м²).
• Ела Вили: (Ela Palace, Ela Sultan Palace).

Сите соби се со приватно купатило, фен, клима уред, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци, млеко, кикирики, пиво секој ден), сет за кафе и чај, сеф, LCD – TV со сателитски програми, балкон. WI-FI интернет бесплатен во сите соби.

• Услуга

Ela сѐ вклучено - храна и пијалоци шведска маса. Појадок, À la Carte појадок, доцен појадок, ручек, ужини, традиционални слатки, бели пецива, сладолед, вечера, доцна вечера, домашни и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите (безалкохолни пијалоци, вода, минерална вода, млеко и пиво се дополнуваат секој ден), винарска визба, свежо цеден сок во Vitamin барот, корпа со овошје во собите на пристигнување. Дополнително се наплатува VSOP коњак, премиум виски, специјални увозни и локални вина, енергетски пијалоци, увозни пива, пури, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата и во Јапонскиот ресторан се плаќа според мени-ценовник, услуга во соба по мени, наргиле, специјално мени.

• Содржини

Главен ресторан - Enderun, À la Carte ресторани - La Salsa - мексиканска кујна, Teppanyaki Hida - јапонска кујна, Alagra - морска храна, AB-I-LAL - турска кујна, Restorante La Perla- италијанска кујна, Passion Gourmet - француска кујна, (не е дозволен влез на деца под 12 год.), Kalamata - ресторан за скара, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се наплатуваат. WI-FI интернет бесплатен.

• Плажа

Хотелска песочна плажа, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк со 5 лизгалици за возрасни и 4 лизгалици за деца, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, мал фудбал, фитнес центар, не моторни водени спортови, билијард, мини голф, забавен парк, турска бања, сауна, џакузи. Осветлување на тениските терени , моторните водени спортови, SPA центарот, салон за убавина, куглање, часови по голф се со доплата. Забавни програми со професионален тим преку целиот ден, шоу програми во вечерните часови, курсеви по готвење, забава на плажа, гала вечери, кино. Мини клуб за деца Everland Q од 00-17 год. со специјални програми, ресторан за деца, кино и мини диско навечер.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација