Kaya Palazzo Golf Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Kaya Palazzo Golf Resort
• 46 слики
• За деца
• На плажа
• Наша препорака
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Теретана и СПА
• Песочна плажа
• Голем воден парк
• Анимација
• Ексклузивни
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Kaya Palazzo Golf Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Белек на 35 км од центарот на Анталија и 27 км од аеродромот.

• Сместување

Вкупно 493 соби во главната зграда, 120 луксузни лагуна апартмани (нови соби) и 13 вили.

• Супер Соби: (39м²; една спална соба, дел за седење со отворен софа кревет, една бања, макс.2 + 2лица).
• Дуплекс Фамилијарен Апартман: (108м², две спални соби, една дневна соба, 3 тоалета, 2 туша, едно купатило со џакузи, другото со када, макс.4 + 2лица).
• Апартман со Поглед на Море: (79м², една спална соба, една дневна соба со лизгачка врата, купатило со џакузи, друга бања со туш, тераса или балкон, макс.3 + 1лице).
• Luxury Lagoon Villas: тоа се нови простории во градината (зад главната зграда, секоја просторија е 75 м², една спална соба со просторија за седење, една бања, сите соби се со тераса со директен пристап до заеднички базен, специјален сет во комбинација со увезени пијалоци, чај и кафе, бањарка, влечки, макс.2+2лица).
• Swim Up Супериор Соба: (39м², собите имаат само поглед на базен, една спална соба со простор за седење со отворен софа кревет, една бања, директен пристап до заеднички базен, макс.2 + 1лице).
• Swim Up Апартман: (79м² , просториите се со поглед на море или базен, една спална соба, една дневна соба со лизгачка врата, 2 тоалета, купатило со када со хидромасажа, тераса со директен пристап до заеднички базен, макс.3 + 1лице).
• Дуплекс Swim Up Апартман: (108м² , со поглед на базен, две спални соби, една дневна соба, купатило со када со хидромасажа, три туша и тераса со директен пристап до заеднички базен, макс.4 + 2лица).
• Palazzo Апартман: (108м², главна зграда со поглед кон море и базен, една спална соба, една дневна соба, 2 тоалета, два туша, џакузи, тераса со седење, макс.3 + 1дете).
• 4 Вили Ducale: (175м², директно на плажа, со 1 голема спална соба со соблекувална и бања, уште две спални соби, две купатила со џакузи и туш, приватен отворен базен, трпезарија со кујна, приватна површина за сончање и павилјон на плажа, макс. 6 лица).
• Вила Венеција: (138м², директен влез во заедничкиот отворен базен од собата, една голема спална соба со соблекувална, две спални соби, дневна соба со американска кујна, две купатила една со џакузи, приватен павилјон на плажа, една соба за бебиња, тераса со простор за седење, макс. 6 лица).
• Вила Верона со 2 Спални Соби: (130м², лоцирана на голф - клуб Kaya Eagles, 2 спални соби, една дневна соба со американска кујна, една бања со џакузи , друга бања со туш, тераса со седење, приватен базен 96м², приватен павилјон на плажа, макс. 4 лица).
• Вила Верона со 3 Спални Соби: (265м², лоцирана на голф-клуб Kaya Eagles, три спални соби, една дневна соба со американскa кујна, една бања со џакузи, уште две купатила со када, тераса со седење, приватен базен 135м², една соба за бебиња , приватен павилјон на плажа).
• Услуга

Palazzo сѐ вклучено – пијалок за добредојде и кошница со овошје во собата по пристигнување, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и ужина во вечерните часови, локални и брендирани увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, разновидност на свежо овошје, сокови, дел за вино во главниот ресторан, производи на кока -кола, избор на чај и кафе, сладолед, коктели, меѓународни егзотични коктели во сите барови. Не е вклучено: Луксузни увезени пијалоци, À la Carte рестораните со претходна резервација и доплата ,специјални вина и флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, сите пијалоци во бар голф клуб, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан за услуга - сѐ вклучено, À la Carte е ресторани - Asiatico - азиски ресторан, Tulipano - италијански ресторан, Livio - рибен ресторан, Steak House, Beirut- либански ресторан, барови на различни места околу хотелскиот комплекс,отворен Диско Клуб. Трговски центар, перење и хемиско чистење, лекар, чување деца, фризер, салон за убавина, изнајмување автомобил, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. WI-FI интернет бесплатно во собите и во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори и крпи за плажа се бесплатни.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен, базени за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, џакузи, тениски терени, пинг-понг, одбојка, кошарка, мини голф се бесплатни. Со доплата: осветлување на тениските игралишта, опрема за тенис, часови по тенис, фудбалски игралишта, терени за голф (во близина на хотелот), масажа, СПА и центар за убавина, спортови на вода, центар за игри, јавање коњи. Забавни програми за возрасни во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, кино. Постои мини клуб за деца од 04 - 12 и тинејџерски клуб од 13 - 16 години со програми во текот на денот, во вечерните часови Mini Disco.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација