Sherwood Dreams Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Sherwood Dreams Resort
• 115 слики
• Песочна плажа
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• Отворен базен
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Sherwood Dreams Resort

• Положба

Хотелот се наоѓа во Богазкент, на 40 km од аеродромот во Анталија и 50 km од центарот на Анталија, а од најблиското населено место е на 5 km.

• Сместување

Вкупно 304 соби во главна зграда со четри блока.

Стандардни соби (27 m², една спална со француски кревет или два единечни кревети + еден единечен кревет или софа, едно купатило, макс.2+2 лица).

Фамилијарни соби (45 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).

Делукс соби (32 m², една спална со француски кревет и со џакузи на балконот или во собата, макс.2 лица).

Големи соби (35 m², една спална со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+2 деца)

три соби за лица со попреченост

Сите соби се со концепт на отворено купатило, туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалаци, вода и пиво), сет за чај и кафе, сеф, плочки или ламинат на подот, сателитска ТВ со музички канали, WI-FI интернет, балкон или тераса.

• Услуга

Ултра Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски наутро и попладне, ручек, вечера, полноќни закуски, сладолед, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци помеѓу 10:00-24:00 часот, мини бар во соба, свежо цеден сок од портокал за појадок, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, само локални пијалаци во диско клуб.

Со доплата се: специјални луксузни увозни пијалаци, флаширани пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови (само за појадок се бесплатни), увозни пијалаци после полноќ, енергетски пијалаци, услуга во соба, увозни пијалаци во диско клуб.

• Содржини

Marca - главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (Sapore со италијанска кујна, Safran со турска кујна, Marine со медитеранска храна), барови и снек барови  во хотелскиот комплекс, диско клуб.

Со доплата се: доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, продавници, изнајмување коли, интернет катче, компјутерски игри.

WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска песочна плажа.

Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени (затворени во летната сезона) за деца и возрасни, тонбогани, детско игралиште, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски игралишта, одбојка, кошарка, одбојка на плажа, гимнастика.

Со доплата се: сите спортови на вода, осветлување на тениски терени, опрема за тенис, часови за тенис, куглање, билијард, играчница, часови по нуркање, СПА центар, центар за убавина.

Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб со специјална програма за деца помеѓу 5-17 години поделени во групи според возраста, детско игралиште, мини диско во вечерните часови.

Хотелот располага и со луна парк кој работи во определени часови во денот и е бесплатен.

Хотелот е реновиран во 2019 год.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација