Meder Resort Hotel

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Kemer
  • Meder Resort Hotel
  • 65 слики
  • Затворен и отворен базен
  • Центар на градот
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Meder Resort Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер, на 50 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 228 соби во една главна зграда.

    Стандардни соби (35м², една спална со еден француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 2+2 лица).

    Економски соби (35 м², една спална со еден француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 2+2 лица).

    Сите соби се со балкон или француски балкон, со поглед на градина или на базен, со приватно купатило со туш, када, фен, влечки, централа клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и сокови само при пристигнување), сеф, ламинантен под, сателитска тв и музички канали.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, чај и кафе, вечерна закуска.

    Сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, сладолед во одредени часови во текот на денот, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот со сокови и сендвичи.

    Не се вклучени: сите увозни алкохолни пијалоци што не се на мени листата, флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, храна и пијалоци после 24:00 часот, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан со турска кујна, лоби бар, бар покрај базен.

    Доктор, чување деца, перење алишта, фризер, продавници, салон за убавина, телефон, факс, изнајмување возила се со доплата. WI-FI интернет во лобито е бесплатен.

  • Плажа

    Хотелска плажа на 300 м, (приватен дел на јавна плажа) со песок. Лежалки и чадори на плажа се бесплатни. Обезбеден превоз до плажа на секои 30 мин од 10:00 до 17:00 часот. Крпи за на плажа не се достапни.

  • Спорт и забава

    Отворени и внатрешни (затворени во текот на летната сезона) базени за возрасни и деца, лизгалки на вода (близу до плажата), фитнес центар, сауна, турска бања, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни. Џакузи, велнес центар, спортови на вода, билијард се доплаќаат.

    Забавни програми во текот на денот и шоу забави навечер, забави на плажа. Мини клуб за деца од 4 – 12 години, со различни програми, детско игралиште и мини диско навечер.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација