Nirvana Dolce Vita

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Kemer
  • Nirvana Dolce Vita
  • 66 слики
  • За деца
  • Дете до 11,99 - бесплатно сместување
  • На плажа
  • Теретана и СПА
  • Наша препорака
  • Аква парк
  • Наша препорака
  • Ексклузивни
  • Затворен и отворен базен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Затворен базен
  • Фамилијарни
  • Отворен базен
  • Теретана

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Nirvana Dolce Vita

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Текирова, на 22 км од Кемер и 76 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 726 во 5 блока и 18 вили.

    Делукс собите се наоѓаат во  Venezia, Portofino и Capri зградата и можат да бидат со поглед на море или копно.

    Делукс стандардни соби (40м², спална соба, купатило, макс.2+1 лице).

    Делукс Јуниор фамилијарен апартман (49 м², две спални соби одвоени со врата од дневна соба, една со француски кревет, друга со два единечни кревети купатило, макс. 3+1 лице).

    Делукс фамилијарен апартман (72м², во зградата Venezia, две спални одвоени со врата, купатило, макс. 4 лица).

    Делукс апартман гранд (135м², во Venezia зградата, спална соба, дневна соба со софа, американска кујна во некои од нив, купатило и тераса, макс, 3 лица).

    Мајор апартман (190м², Venezia зграда, две одвоени спални со француски кревет, дневна соба, соблкувална, џакузи во едната спална, две купатила и голема тераса од 75м², макс. 4 лица) .

    Клуб собите се наоѓаат во Istanbul и Roma уличните згради и имаат само поглед на копно:

    Клуб forest стандардни соби (42м², една спална, купатило, макс.2+1 лице).

    Клуб фамилијарни соби (45м², една спална со француски кревет, дневна соба со 2 софи, купатило, макс. 4 лица).

    Вили:

    Вила Делукс, Вила Гранд, Вила Супериор.

    Сите гости во овие вили имаат приватен асистент од првиот до последниот ден.

    Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина или када, фен, централен клима уред, телефон, бањарки, влечки, WI-FI , мини бар (вода, сокови, пиво, енергетски пијалоци, млеко, чоколадо, чипс, јаткасти плодови се дополнуваат секој ден), бокал, сет за чај и кафе, сеф, керамички под или ќилим, сателитска LCD телевизија и балкон.

  • Услуга

    Local & Healthy Ултра Сѐ Вклучено – пијалок за добредојде (шампањ, а за деца лимонада), 24 часа услуга за храна и пијалоци, шведска маса за појадок доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, доцна вечерна ужина.

    Локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежи овошни сокови за појадок, диететска и здрава исхрана во главниот ресторан, храна за деца, сладолед во текот на денот (Dolce Gelato Boutique), храна за бебиња (0– 3 години) во текот на денот во клубот за бебиња, свежо цедени сокови во Vital бар, безглутенски лебови и здрави житарки, Starbucks кафиња (две на ден).

    Не е вклучено: Премиум увозни пијалоци, VSOP коњак, сите флаширани увозни и локални вина, сите флаширани пијалоци, À la Carte ресторани, услуга во соба, сервис за храна (ланч бокс), винарија, сите вина, шампањ и специјални порачки во À la Carte рестораните (освен наливно вино).

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – Kushane (турска кујна, жива музика), CH’I (веганска храна), Welldone (стек ресторан), Pescatore (рибен ресторан), Ukiyo (кујна од далечен исток), X – Ender – Кебап ресторан, The Sea Club (егејска кујна), Dolce Sogno (VIP ложа, +16), бургер ресторан, слаткарница, барови низ хотелскиот комплекс.

    Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се доплаќаат.  WI – FI бесплатно низ целиот хотел.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со ситни камчиња и песок. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни. Павилјоните се со доплата и претходна резервација.

  • Спорт и забава

    Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, еден надворешен базен (без дел за деца), базен за возрасни, Aqua Therapy базен само за возрасни со доплата, 15 тобогани, турска бања, сауна, парна соба, релакс соба, фитнес центартенис , кошарка, одбојка, обојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, теретана, патека за трчање 1400 м.

    Со доплата: спортови на вода, Спа и Велнес, масажа и третмани за убавина, школа за нуркање, клуб за јавање коњи, приватни часови, компјутерски и видео игри, куглање и билијард.

    Забавни програми во текот на денот , натпревари со професионален тим, шоу програми навечер, жива музика. Crispy Kids Club – мини клуб за деца од 0 - 16 години со специјални програми.

    Домашни миленици се прифатени во LUXY PET HOTEL, изолиран од јавните области, согласно расата и големината на милениците, со доплата на одредена сума и со претходна резервација.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Локација