Simena Comfort Hotel
- Turcija
- Antalija
- Kemer
-
-
-
-
-
- 43 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Simena Comfort Hotel
-
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Чамјува, на 10 км од Кемер и 65 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 269 соби во хотелска зграда и во вили.
Хотелска стандардна соба (36 м², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2 +1 лице).
Хотелски делукс апартман (72 м², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со простор за седење, одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Хотелски делукс кралски апартман (72м², една спална соба со француски кревет и џакузи во собата, една дневна соба одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица). Сите соби се со балкон, поглед на градина, базен или поглед на планина, сопствено купатило со туш кабина, систем за климатизација, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет конекција..
Вили:
Вила Комфорт супериор соби (26 м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, макс. 2+1 лице),
Вила комфорт фамилијарен апартман (43 м², две одвоени спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).
Вила комфорт гарден супериор соби (30м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, макс.2+1 лице).
Вила комфорт гарден супериор фамилијарен апартман (43 м², две одвоени спални соби, едно купатило макс.4 лица).
Вила комфорт делукс (400 м², четири спални соби, четири купатила, кујна, макс.10 лица).
Вила комфорт делукс дуплекс (200 м² , две спални соби, една дневна соба, три купатила, кујна, макс.6 лица).
Сите соби се со балкон, поглед на градина, базен или поглед на планина, сопствено купатило со туш кабина и фен, влечки, систем за климатизација, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци на пристигнување, а потоа се доплнува само со вода), сет за каде и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали.
-
Услуга
Премиум сѐ вклучено – 24 часовна услуга со храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина, ручек, попладневни закуски, вечера, полноќно бифе, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови во текот на денот, снек бар на плажа од 09:00 до 18:00 часот.
Не се вклучени: увозни пијалоци кои не се на мени листата, премиум увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, лоби бар, снек бар на плажа, À la Carte ресторани - италијански, рибен и турски кујни, барови низ целиот хотелски комплекс.
Доктор, продавници, фризер, телефон, факс, интернет, чување деца, перење алишта и хемиско чистење се доплаќаат. WI-FI интернет е бесплатно.
-
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња на 250 метри од хотелот и 500-700 метри од делот на вилите, со бесплатни крпи, лежалки и чадори за сонце. Има бесплатен трансфер до плажа.
-
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, детски базени, два тобогана, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терени, пинг-понг, одбојка, кошарка се бесплатни.
Се доплаќа: спортови на вода, масажа, СПА и центар за убавина, осветлување на тениски терени и опрема.
Забава со дневни програми и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4 - 12 години, детско игралиште, програми во текот на денот и мини диско навечер.
Хотелот е реновиран во 2023 година (цел хотел).
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
Општо
- Собна услуга
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца