Zena Resort Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Kemer
• Zena Resort Hotel
• 56 слики
• Во близина на плажа
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Песочно-камчеста плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Zena Resort Hotel

• Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Чамјува на 7 km од Кемер и 70 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 214 соби.

Стандардни соби (28-30 m²; една спална соба со француски или два единечни кревети + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 3 лица + 1 дете).

Фамилијарни соби (55 m²; две спални соби одвоени со врата - една со француски кревет, друга со два единечни кревети, едно купатило, макс.4+1 дете).

Економски соби (28 m², сместени на приземје, една спална соба со француски кревет, едно купатило и помал балкон, макс 2+1 дете).

Сите соби се со сопствено купатило со када, фен, централен систем за климатизација кој работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода се дополнува секој ден), сателитска ТВ и музички канали, ламинат, балкон. WI-FI интернет конекцијата се доплаќа.

• Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневен чај и колачи, вечера и ноќна закуска, диететско бифе, детско бифе и бебешко катче со блендер и храна за бебиња.

Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00-24.00 часот, сладолед во одредени часови, ужина на плажа и бар од 10.00 – 17.30 часот.

Не се вклучени: сите увозни пијалаци, специјални локални пијалаци како стари вина, турско кафе, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци и наргиле, À la Carte ресторани, услуга во соба, пијалаци во диско клуб.

• Содржини

Папаја - главен ресторан со шведска маса, детско и диететско бифе, À la Carte ресторани – италијански и рибен, барови низ хотелскиот комплекс, снек бар на плажа.

Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перална, трговски центар, изнајмување кола се доплаќаат.

WI-FI интернет во лобито до 500 MB е бесплатен.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со камчиња и песок на 50 m од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка, кошарка, одбојка на плажа.

Салон за убавина, Wellness и SPA центар, фризер, спортови на вода, билијард и компјутерски игри се со доплата.

Забавни програми во текот на денот за возрасни, разни натпревари и игри, навечер шоу програми. За деца има Мини клуб за деца од 4 – 12 години, игротека и детско игралиште, мини диско навечер.

Хотелот е реновиран во 2022 година / сите купатила.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација