Grand Park Lara Hotel

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Lara
  • Grand Park Lara Hotel
  • 57 слики
  • Песочна плажа
  • Аква парк
  • Поволни цени
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • За деца
  • Фамилијарни
  • Отворен базен
  • Дете до 11,99 - бесплатно сместување
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Grand Park Lara Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Лара на 14 км од аеродромот во Анталија и 14 км од центарот на Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 896 соби во 8 меѓусебно поврзани згради.

    Стандардни соби (22 м², една спална соба со дупли кревет и една софа, купатило, макс.2+1 лица, без балкон).

    Фамилијарни Делукс соби (36 м², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

    Фамилијарни Елит соби (50 м², две спални одвоени со врата, една дневна соба, едно купатило, макс.5+1 лица)

    4 соби за лица со попреченост.

    Сите соби се со купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци трипати во неделата, секојдневно се дополнува само со вода), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, ламинантен под, WI-FI, сателитска ТВ и музички канали, балкон само во фамилијарните соби, стандардните соби се без балкон.

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалоци,  шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот и доцна навечер, детско бифе, диететско и вегетаријанско бифе во главниот ресторан за време на ручек и вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 24.00 часот, сладолед 24 часа, храна и пијалоци во барот на плажа од 10:00 – 18:00.

    Увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални и увозни вина, свежо цедени сокови, услуга во соба,  À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, , храна и пијалоци по 24.00 часот дополнително се наплатуваат.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Peppermint – интернационална кујна и рибен ресторан, бар на плажа, барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, продавници, изнајмување кола дополнително се наплаќа. WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.

  • Плажа

    Хотелска песочна плажа на 200м од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. Има бесплатен превоз од хотел до плажа. Павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Надворешни базени за возрасни и деца, четири лизгалици на вода, турска бања, сауна, соба со пареа, гимнастика, пикадо, пинг понг, фитнес центар. Спортови на вода, билијард, игротека, масажи и Спа третмани, школа за нуркање се наплатуваат.

    Забавна програма преку целиот ден и навечер. Мини клуб за деца од 4-12 год со богата содржина, детско игралиште, мини диско во вечерните часови.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација