IC Hotels Green Palace

1. Turcija
2. Antalija
3. Lara
• IC Hotels Green Palace
• 44 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо IC Hotels Green Palace

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кунду, 25км од центарот на Анталија и 15км од аеродромот.

• Сместување

Вкупно 429 соби.

• Стандардни Соби: (26м², една спална, едно купатило, 2+1 лица).
• Quad Стандардни Соби: (26м²,една спална со француски кревет + 2 помошни кревети, едно купатило 3+1 лица).
• Фамилијарни Соби: (52м², 2+2 лица, една дневна, две спални соби, две купатила).
• Јуниор Апартман: (33м², 2+1 лица, една спална соба со брачен кревет, софа и гарнитура за седење, едно купатило).
• Детски Апартман: (52м², две одвоени спални, една со француски кревет и другата со кревети на спрат, 2 купатила, макс.2+2 лица).
• Кралски Апартман: (131м², една дневна соба, две спални, едно купатило со џакузи и уште едно со када ВИП концепт).
• Претседателски Апартман: (213м², на најгорниот кат од хотелот, две спални и една спална за послуга, дневна со дел за ручање и дел за работа, едно купатило со џакузи и уште едно со када, ВИП концепт).
• li>Соби за Хендикепирани лица: (26м², специјално дизајнирани).

Сите соби се со поглед на море или градина, со балкон или тераса, купатило со када и фен, влечки, централна клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, интернет конекција. Гостите од Кралскиот и од Претседателскиот апартман имаат ВИП концепт (бесплатен трансфер до аеродром, експресно пријавување и одјавување од хотелот, секојдневно дополнување на мини барот, корпа со овошје, џус, увозно пиво, кафе и чај, два пати во денот чистење на собата, цвеќе во соба, собни папучи, бањарка, пешкири за на плажа, перална, безжичен интернет, бесплатен павилјон на плажа).

• Услуга

High End Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, сладолед, вечера, доцна полноќна шведска маса. Сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите, пијалок за добредојде и корпа со овошје во соба за добредојде, не се наплаќа. Луксузните пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјалните вина, услуга во соба, наргиле, À la Carte ресторани со претходна резервација се наплаќаат и се користат само еднаш за време на престојот и не е дозволено за деца помали од 12 год.

• Содржини

Главен ресторан - шведска маса, Sunset snack bar за ужина, 6 À la Carte ресторани: Cavalli (италијански), Casa Mexicana (мексикански), Wabi Sushi Japanese (јапонски), Wabi Tepenyaki (кујна од Далечниот Исток), Fes (турски), Green Fish (ресторан за морска храна), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс, IC café, IC Cream world, Free Zone диско клуб. Телефон, факс, шопинг центар, фризер, доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, internet café, компјутерски игри, изнајмување кола се наплаќа. WI-FI (ниска брзина) е бесплатно.

• Плажа

Песочна приватна хотелска плажа, со пешкири, чадори за сонце и лежалки кои не се наплатуваат. Приватните павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен (еден од отворените базени има лифт за лица со хендикеп), базен за деца, Аква парк, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски игралишта, сквош, мал фудбал, мини голф, одбојка на плажа, пикадо не се наплаќа. Спортови на вода, осветлување на тениските терени, опрема и часови по тенис, масажа, Спа и велнес центар, билијард, куглање, школа за нуркање се наплатуваат. Забавна програма преку целиот ден за возрасни и деца, натпревари покрај базенот и на плажа. Специјална шоу програма навечер која се менува секој ден. Мини клуб за деца од 00-16 год поделени во групи според возраста, со програма во тек целиот ден и во вечерните часови.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација