Lara Family Club

1. Turcija
2. Antalija
3. Lara
• Lara Family Club
• 51 слики
• Аква парк
• Поволни цени
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• За деца
• Фамилијарни
• Отворен базен
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Lara Family Club

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот е лоциран во областа Лара, 14км од аеродромот во Анталија и 9км од центарот на градот.

• Сместување

Вкупно 348 соби во четири згради.

• Стандардни Соби: (30м², една спална и едно купатило, макс.2лица).
• Супериор Соби: (35м², една спална со француски кревет + еден единачен кревет, купатило, макс.2+2 лица).
• Фамилијарни Апартмани: (70м², две спални, дневна, купатило, макс.5+1лица).
• 4 Соби за Хендикепирани лица

Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (секојдневно се надополнува со вода и сокови), сеф, сателитска ТВ и музички канали, интерент до 1GB, балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина во текот на денот и во вечерните часови (од 01.00-06.00 часот е во Ramada resort hotel), локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00ч., некои увозни алкохолни пијалоци се достапни во одредени барови, Lara Family Beach club отворен помеѓу 10.00-18.00ч., À la Carte ресторан со резервација и бесплатно само еднаш за време на престојот (со исклучок на BBQ ресторанот). Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, увозни вина, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, повторно користење на À la Carte рестораните и BBQ ресторанот, увозни пијалоци во диско клубот на Ramada resort Lara.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани- турски, италијански, мексикански, азиски и рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. Wi – Fi интернет до 1 GB е бесплатен.

• Плажа

Хотелска песочна плажа на 300м од хотелот. Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири на плажа се бесплатни. Приватните павилјони на плажа се наплаќаат. Бесплатен превоз од хотел до плажа.

• Спорт и забава

Отворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, тениски терени, гимнастика, пикадо, фитнес, турска бања, соба со пареа. Спортови на вода, билијард, масажи, осветлување на тениските терени, Спа центар дополнително се наплаќаат. Забавни програми преку ден, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-08 год со специјална програма во текот на денот и навечер и мини диско.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација