Trendy Lara

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Lara
  • Trendy Lara
  • 61 слики
  • Наша препорака
  • Аква парк
  • Бесплатно WiFi
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Песочно-камчеста плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Trendy Lara

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Лара на 15 км од аеродромот во Анталија и 25 км од центарот на Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 674 соби во три блока од главната зграда, апартмани во градината и вили.

    Супериор соби (36 м²; една спална соба со француски кревет + софа кревет, едно купатило, макс. 2+2 лица).

    Фамилијарни апартмани (55 м²; две одвоени спални соби и две купатила, макс.4+1 лица).

    Апартман во градина на приземје со излез на базен или излез  во градина (55 м²; една спална со голем простор за дневен престој, едно купатило, макс.2+2 лица).

    Фамилијарен апартман во градина (65 м², во градината на  првиот кат, две одвоени спални соби, просторија за дневен престој, едно купатило 4+1 лица).

    Вили (120 м²; лоцирани во градината на приземје или прв кат, една спална соба, една дневна соба, кујна со трпезарија, две купатила, еден балкон и една тераса, макс. 4+1 лица)

    7 соби за лица со попреченост.

    Сите соби се со купатило со туш кабина и фен, бањарка, влечки, VRF клима уред,  телефон, простор за седење, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секојдневно), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, wi-fi, балкон. Сите соби се за непушачи.

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок,  ручек, вечера, ноќна ужина, диететска храна, храна за деца, снек ресторани и ресторани на плажа во  текот на денот, сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, слаткарница, сладолед во текот на денот, ресторан и бар на плажа со ужина од 10:00 -18:00.

    Не се вклучени: луксузни увозни пијалоци, увозен шампањ, свежо цедени овошни и сокови од зеленчук, енергетски пијалоци, увозни и вина од визба, витамин бар, À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата.

  • Содржини

    Главен ресторан - шведска маса, снек бар на плажа и покрај базен, барови низ целиот хотелски комплекс, À la Carte ресторани – Luna Pienna италијанска кујна, Sakamai  кујна од Далечниот Исток, Noma интернационална кујна, Turquise грчка кујна, Teppanyaki јапонска кујна  и  The Red - стекхаус.

    Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, изнајмување кола, продавници дополнително се наплатуваат.

    Бесплатен WI-FI интернет кој е со ниска брзина на јавните површини, собите и на плажата.

  • Плажа

    Хотелска песочна плажа со ситни камчиња на 450 метри од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа не се наплатуваат. Бесплатен превоз со брод по реката до плажа во текот на денот во времетраење од 3-4 минути.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, базенот со морска вода во зимскиот период се затоплува, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, тениски игралишта, одбојка на плажа и пинг-понг.

    Се наплаќаат: спортови на вода, осветлувањето за тениските терени, куглање, билијард, компјутерски игри во Game центарот, Spa & wellness центарот, масажа.  

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација