Akdora Resort Hotel & Spa
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 28 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Akdora Resort Hotel & Spa
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Сиде на 2 км од центарот и 60 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 140 соби во три блока (на 5 спрата).
Стандардни соби (24м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица).
Економски соби (18м², една спална соба со дупли кревет, едно купатило, немаат балкон, макс.2 лица).
Стандардни соби со кревети на спрат (24м², една спална соба со дупли кревет, кревети на спрат, едно купатило, макс.2+2 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина и фен, клима уред, телефон, мини бар (вода само при пристигнување), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинат на под, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
-
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, попладне кафе, чај и колачи, вечера, полноќна супа, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 - 22:00 часот, концентрирани овошни сокови.
Не е вклучено: сите пијалоци после 22:00 часот, сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименки.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, барови околу базен, лоби бар.
Доктор, перење, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата во лоби е бесплатна.
-
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 600м од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Секоја промена на крпите е со доплата. Бесплатен превоз од хотел до плажа наутро и од плажа до хотел попладне.
-
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг се бесплатни.
Со доплата: масажа, SPA центар, сите спортови на вода. Забавни програми во текот на денот и во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 – 12 години.
Хотелот е реновиран во 2020 година.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца