Arcanus Side Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Arcanus Side Resort
• 27 слики
• Песочна плажа
• Аква парк
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• За деца
• Фамилијарни
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Arcanus Side Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Соргун на 5км од Сиде и 75 км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 463 соби.

• Стандардни Соби: (24м², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс. 2+1 дете).
• Стандардни Соби со Кревети на Спрат: (24м², една спална соба со француски кревет и кревети на спрат за деца, едно купатило, макс. 2+2 деца).
• Фамилијарни Соби: (сите соби се со поглед на море) (38м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, џакузи на балконот, макс.3+1 лица,).
• 5 Соби за Хендикепирани лица: (стандарни соби).

Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода, сокови и пиво), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, тепих на подот, балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна ужина, доцна вечера, сладолед во одредени часови од денот, свежо цедени сокови само за појадок, мини бар во собите. À la Carte рестораните се со претходна резервација и само еднаш за време на престојот во еден од рестораните, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не се вклучени: луксузни увозни пијалоци, специјални сортни вина, сите флаширани пијалоци и лименки, свежо цедени сокови, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски, италијански, рибен и интернационален ресторан, барови во целиот хотелски комплекс. Диско барот е отворен во одредени денови во неделата. Доктор, перење и хемиско чистење, фризер, интернет, телефон, факс, продавници, изнајмување кола дополнително се наплатуваат. Wi-Fi интернет конекција во лобито и покрај базенот е бесплатно.

• Плажа

Хотелска песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и пешкири не се наплатуваат. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен (затворен за време на летната сезона) за возрасни и деца, две лизгалици на вода, фитнес, сауна, турска бања, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, тениски терени - бесплатно. Масажа, спортови на вода, куглање, билијард, осветлување на тениските терени, часови за тенис, комјутерски игри, салон за убавина и Wellness центар дополнитело се наплатуваат. Забавни програми преку ден, натпревари на плажа и покрај базен. Во вечерните часови шоу програма и жива музика неколку пати во неделата. Мини клуб за деца од 04-11 год. и џуниор клуб од 12-16 год со различни програми и активности.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација