Bella Resort Hotels & Spa
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 85 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Bella Resort Hotels & Spa
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Чолакли, 12 км од Сиде и 55 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 291 соби.
Стандардни соби (24 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Стандардни соби со кревети на спрат тип 2 (24 м², една спална соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Фамилијарни соби (42 м², две спални соби поврзани со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, потоа само со вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, балкон. WI-FI интернет конекција е бесплатна.
-
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, закуска попладне, вечера, закуска навечер, храна и пијалоци во барот на плажа од 10.00 – 18.00 часот, Лоби бар отворен 24 часа, сладолед покрај базен за време на одредени часови, À la Carte ресторани ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10-24:00 часот.
Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, сите флаширани пијалоци.
-
Содржини
Главен ресторан Safran со шведска маса, À la Carte ресторани ресторани: Kebabistan – турска кујна, Santa Lucia – италијанска кујна и Sambrero – мексиканска кујна, барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет во лобито е бесплатен.
-
Плажа
Хотелска песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, тениско игралиште, турска бања, сауна, соба со пареа, гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг, кошарка.
Се доплаќаат: спортови на вода, билијард, масажа и центар за убавина.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца 4-12 години.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа