Calimera Hane Garden
Side, Turcija
Види цени
Види цени
За Calimera Hane Garden
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Евренсеки, на 60 km од Анталија аеродормот и 8 km од Сиде.
-
Сместување
Вкупно 297 соби распоредени во 1 главна зграда и 2 анекс згради.
Стандардни соби (24 m², една спална соба со француски кревет + единечен кревет + дополнителен кревет, едно купатило, макс.3 лица).
Економски соби (исти се како стандардните соби, само се на прв спрат со поглед на улица).
Мезонети (32 m², дуплекс соба, на приземје една спална соба со два единачни кревети, на горниот спрат една спална соба со француски кревет, не се одвени со врата или ѕид, 2 купатила, макс 4 лица).
Фамилијарни соби (39 m², две спални соби одвоени со врата, една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет и уште една спална соба со два единечни кревети, едно купатило, макс 4+1 лица).
Сите соби имаат сопствено купатило со туш кабина или када, фен, клима, телефон, сеф (со доплата) мини бар (вода се дополнува секој ден), сателитска ТВ и музички канали.V
-
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневно кафе, колачиња, закуски на барот на плажа, полноќни закуски, сладолед во попладневните часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-23:30 часот, снек бар на плажа.
Не е вклучено: сите увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, турско кафе, сите пијалоци во Диско клуб и Витамински бар, À la carte ресторан со претходна резервација и со доплата.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар за ужинки на плажа, À la carte ресторан, лоби бар, бар на базен, бар на плажа, витамински бар. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интерент, компјутерски игри се со доплата.
Wi-Fi интернет е со доплата.
-
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 300 m од хотелот. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Крпите за плажа се со доплата.
-
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг, пикадо се бесплатни.
Масажа, билијард, спортови на вода се со доплата.
Дневни и вечерни анимации. Мини клуб за деца од 4-12 год, игротека, мини диско во вечерните часови за деца од 13-17 години.
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.